Свет

Значително поскапување на нафтата по нападите во Саудиска Арабија

16. септември 2019 - 8:22 | А.С.

Цените на сировата нафта достигнаа највисоко ниво во изминатите четири месеци по двата напади со дронови на нафтените полиња во Саудиска Арабија што се случија викендов, пренесува BBC.

Нападите попречија дел од производството на сирова нафта, па поради тоа светското ниво на дистрибуција на овој вреден енергенс падна за 5%. На почетокот на тргувањето цената на сировата нафта Брент се зголеми за 19% (71 долар), додека цената на WTi нафтата се покачи за 15% (63 долари).

Се претпоставува дека растот на цените не продолжи поради фактот дека американскиот претседател Доналд Трамп одобри активирање на американските резерви на нафта.

Експертите сметаат дека нападите на саудиските нафтени поплиња предизвикале штета што може да се изрази во 5,7 милијарди барели нафта. Се претпоставува дека оштетените саудиски нафтени полиња долго време ќе бидат надвор од употреба и дека ќе поминат недели, а можеби и месеци додека не бидат направени потребните поправки.

Одговорност за нападот презеде бунтовничката група Хути во Јемен која соопшти дека испратила 10 дронови за напади.

Коментирај