Живот

Знаци кои укажуваат дека си имате работа со психопат

9. октомври 2019 - 14:54 | Б.С.Б.

Тешко е да се одговори на прашањето дали некогаш сте имале работа со психопат, бидејќи тие се мајстори за прикривање. Но, постојат некои знаци по кои може да ги препознаете.

Понекогаш е потребно да минат неколку месеци, па дури и години за да сфатите дека си имате работа со психопат. Клиничкиот психолог доктор Сет Мејерс открива на кои знаци треба да обрнете внимание за да утврдите дали покрај себе имате психопат. Имајте на ум дека со нив нема вистинска љубовна врска.

1. Натприроден шарм

Многу луѓе се шармантни, но психопатите во тоа се шампиони. Тие се секогаш во центарот на вниманието, зборуваат така што секогаш себеси се претставуваат во добро светло, а нивните приказни се премногу добри за да поверувате во нив. Токму тоа е најважната работа кога станува збор за шармот на психопатите, премногу е совршено за да биде реално.

2. Претерано самовреднување

Секој психопат е и нарцисоиден, но не секој нарцис е психопат. Додека нарцисите се посветени во тоа да бидат супериорни во секоја ситуација, психопатите се фокусираат на тоа да имаат моќ над другите и да ги искористуваат другите заради нивните потреби.

Психопатите се многу поопасни од нарцисите бидејќи не се грижат за другите луѓе.

3. Патолошко лажење

Психопатите имаат развиено неверојатна вештина на лажење. Тие можат да измислат лага толку брзо, така што автоматски ќе им поверувате. Нивните лаги секогаш содржат и екстремни детали, така што ќе помислите дека сигурно ја зборуваат вистината.

4. Не се каат и не чувствуваат вина

Психопатите немаат чувство на совест и не чувствуваат вина кога ќе повредат некого. Тие го прават тоа што сакаат, без разлика како нивното однесување ќе влијае на другите.

5. Немаат сочувство

Недостатокот на емпатија е уште еден проблем кој е јасно забележителен кај психопатите. На пример, на таква личност кога ќе ѝ раскажете дека нешто ве вознемирило или повредило нема да има никаква емоционална реакција. Можеби ќе се обиде да каже нешто што ќе звучи сочувствително, но тоа ќе биде површно и лажно.

Коментирај