ЗНМ: Неовластено преземање на авторски фотографии е кривично дело

Зголемениот тренд на кражба на фотографии и грубо кршење на авторското право на фоторепортерите од страна на некои медиуми, но и други комерцијални субјекти во земјава претставува голем проблем и затоа мораме во иднина заедно да работиме за да се искорени оваа пракса, истакна фоторепортерот Петр Стојановски, по денешната работна средба, што ја одржаа претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и членовите на Секцијата на фоторепортери при ЗНМ со обвинители од Основното јавно обвинителство во Скопје.

Средбата, како што наведоа од ЗНМ, била одржана во насока на подобрување и заштита на авторските права на фоторепортерите.

На состанокот во ОЈО, биле дискутирани и правосилни пресуди за прекршување на авторското право за кои во минатото Обвинителството преземало дејствија по службена должност.

Претставниците на ЗНМ укажале дека е важно во иднина ОЈО да има проактивен однос во заштита на авторското право на медиумските работници.

- Авторското право се смета за едно од најважните права во остварувањето на професионалната должност на новинарите и генерално на медиумските работници, кои преку својата работа креираат содржини без разлика дали станува збор за авторски фотографии, видеа или текст. Токму поради тоа, новинарите, како и фоторепортерите и снимателите, треба да бидат препознаени како автори на содржината што ја креираат а доколку овие права се прекршени сторителите потребно е да одговараат, потенцираше Драган Секуловски, извршен директор на ЗНМ.

На средбата во ОЈО присутни беа претставниците на ЗНМ Драган Секуловски и Милан Спировски, Иван Брешковски, адвокат, Томислав Георгиев, Петр Стојановски и Роберт Атанасовски од Секцијата на фоторепортери при ЗНМ како и шефот на Скопското Јавно обвинителство Гаврил Бубевски и обвинителите Искра Хаџи Василева, обвинителот Дaрко Јакимовски и одговорната за односи со јавност во ОЈО Билјана Арсовска.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Македонија

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Read more

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Read more

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more
 

Вести

Како иранскиот претседател го доби прекарот „Касапот од Техеран“?

Читај повеќе

Волстрит достигна рекордни нивоа

Читај повеќе

Што би се случило со Германија доколку излезе од ЕУ?

Читај повеќе

Граничните процедури по Брегзит ќе ја чинат Британија 6 милијарди долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Читај повеќе

Обвинителката собра докази против тројцата осомничени за убиството на Вања и Панче, за Палчо истрагата трае

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе