Филм & ТВ

Зои Кравиц ќе биде Жената-мачка во новиот филм за Бетмен

16. октомври 2019 - 10:25 | А.С.

Ѕвездата на серијата „Big Little Lies“ на HBO и ќерка на познатиот музичар Лени Кравиц ќе ја игра улогата на Жената-мачка во новиот филм на режисерот Мет Ривс за суперхеројот Бетмен.

Во новиот филм за суперхеројот од Готам Сити, Зои Кравиц ќе игра заедно со британскиот актер Роберт Патинсон кој прв пат ќе ја игра улогата на Бетмен.

Предпродукцијата на филмот за стрип јунакот се очекува во текот на следното лето, а датумот за почеток на снимањето уште не е познат. Филмските инсајдери се уверени дека со снимање ќе се почне до крајот на оваа година, за да може филмот да стигне до киносалите ширум светот до летото 2021 година.

Ривс кој работеше на две филма од франшизата „Planet of the Apes“, го презеде режисерското кормило на филмовите за Бетмен откако во јануари, 2017 година оскаровецот Бен Афлек се прости од приказната за суперхеројот од Готам.

Улогата на легендарната антихероина и љубовен интерес на Бетмен, Жената-мачка (Catwoman),  Зои Кравиц ќе ја наследи од оскаровката Ен Хатавеј која последна ја отелотвори улогата во „The Dark Knight Rises“ од 2012 година.

Пред неа, овој култен лик го играше Хали Бери во 2004 година, а Мишел Фајфер во 1992 ја режираше Тим Бартон во „Batman Returns“.

Коментирај