Живот

Зошто чувствуваме умор кога се менуваат годишните времиња?

12. септември 2019 - 13:11 | М.С.

Некои луѓе при промената на годишните времиња се чувствуваат исцрпено, па се прашуваат која е причината за нивниот ненадеен умор.

Се проценува дека секој втор човек има симптоми на хроничен умор.

Хроничниот умор се манифестира со постојана безволност, отсуство на желба за работа, главоболка, вртоглавица.

Денот се намалува, Сонцето ѕирка од зад облаците, повторно сте впуштени во работните обрски и се соочувате со очекувањата од себе и од околината. Неможноста да се прошетате надвор, студеното време и дождот, се некои од причините поради кои се чувствувате депресивно во есен и зима.  

Симптомите се поголеми за четири пати повеќе кај жените отколку кај мажите.

Кога уморот трае подолго од шест месеци и не се чувствувате подобро после одморот, побарајте помош од лекар.

Обидете се да спиете подолго време и да се прошетате во природа по работното време.

Секако, не заборавајте да водите сметка за тоа каква храна внесувате во вашиот организам.

Коментирај