Зошто е добро за првпат да родите по 30-тата година?

Помислата дека ви отчукува биолошкиот часовник може да биде застрашувачка. Сепак, раѓањето дете подоцна во животот е добро и за мајката и за бебето.

Без разлика зошто сте одлучиле да не родите дете во вашите 20-ти, 30-тите, па и 40-тите не се „страшна возраст“ за раѓање, особено не денес, со напредокот на медицината.

Да, точно е дека со текот на годините се намалува бројот на јајце-клетки кај жените, како и дека првата бременост по 35-тата година може да биде поризична, но сѐ повеќе истражувања откриваат дека раѓањето дете подоцна во животот може да има изненадувачки предности.

Ова се неколку од нив:

Психички сте посилни

Истражувањата покажале дека раѓањето дете подоцна во животот прионесува да бидете психички посилни. Тоа може да значи дека ќе имате пониско ниво на стрес бидејќи веќе имате стекнато некакво животно искуство и сте поминале низ најмалку еден голем стресен настан.

Едно истражување покажа дека мајките кои го родиле првото дете по 30-тата година биле подобри во решавањето проблеми од своите врснички кои станале мајки порано.

Емоционално подготвени

Чувството на зрелост расте заедно со годините. Истражувањата покажуваат дека зрелоста на индивидуите игра огромна улога во нивната зрелост како родители.

Холандски истражувачи го анализираа психосоцијалниот развој на две групи деца на возрасти од 7, 11 и 15 години. Во едната група мајките го родиле првото дете над 31 година, а во втората порано. Постарите мајки поретко им викале на децата, помалку пцуеле и поретко телесно ги казнувале своите деца.

Општо земено, децата на постари мајки имале подобро однесување, биле посоцијализирани и емотивно постабилни до 13-тата година од животот, односно до влегувањето во пубертет.

Децата се пообразовани

Колку подолго чекате да родите дете, толку е поголема веројатноста дека вашето дете повеќе ќе ги разбира напредните нивоа на технологија.

Децата на постари родители имаат корист од образовниот, технолошкиот и социјалниот напредок што го оствариле родителите пред да ги добијат нив.

Едно шведско истражување потврди дека децата на постари мајки имаат тенденција да бидат поздрави и пообразовани.

Долговечност

Жените кои родиле после 33-тата година од животот имаат подолг животен век, покажа едно истражување на Универзитетскиот центар во Бостон, во кое учествувале 462 жени. Овие жени доживувале старост и до 95 години, што е повеќе од нивните врснички кои првпат родиле во нивните доцни 20-ти.

Оние кои првпат родиле после 40-тата, а зачнале по природен пат, го доживеале и 100-тиот роденден за разлика од мајките кои родиле порано во младоста. Доктор Томас Перлс смета дека ова се должи на следниот факт  - кај жените кои по природен пат останале трудни во позрели години, репродуктивниот систем поспоро старее.

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Здравје

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Read more

Што се случува во телото ако го одложувате мокрењето?

Read more

Гинеколошки симптоми кои не треба да ги игнорирате

Read more

Што е најважно за здравјето на црниот дроб, според докторите?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Читај повеќе

Захер тортата настанала непланирано, а поради богатиот вкус го освои светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Сочни и крцкави со месеци: Трик за складирање јаболка од XVIII век

Читај повеќе

Ресторан дава бесплатно шише вино ако не зјапате во телефонот додека јадете

Читај повеќе

Зошто не треба да спиете со мокра коса?

Читај повеќе
  • filter

Мис ВИ: Се избира најубавата компјутерски генерирана жена

Читај повеќе

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Читај повеќе

Како реагира мозокот на еден час поминат во природа?

Читај повеќе