Ford соопшти дека ќе ги повика на вонреден сервис сопствениците на моделите Mondeo, S-Max и Galaxy чии возила се произведени од февруари, 2014 до февруари, 2019 година, поради можни проблеми со акумулаторот.
Портпаролот на американскиот производител соопшти дека повлекувањето на овие автомобили следи поради проблеми што може да предизвикаат протекување на киселина од акумулаторот, што понатаму може да предизвика дефект на сензорот задолжен за надзор на акумулаторот, поради што може да дојде до прегревање, па дури и самозапалување на акумулаторот.
Речиси половина од vkupno 322.000 возила опфатени со повлекувањето се продадени во Германија (101.000) и во Велика Британија (56.000), пренесува Autonews Europe. Истиот извор потсетува дека трите спорни модели се склопуваат во фабриката на Ford во Валенсија, каде се произведуваат и Kuga, Transit Connect и Tourneo Connect.