Здравје

Зошто модриците ја менуваат бојата додека поминуваат?

10. септември 2019 - 13:12 | М.С.

Модриците настануваат кога ќе го удрите коленото или лактот, или ако фатите прст. Тогаш се оштетуваат крвните садови, но не се повредува кожата. Капиларите се наоѓаат помеѓу кожата и другите ткива и кога пукаат, нивната содржина се заглавува помеѓу ткивото.

За среќа, кога модринката почнува да менува боја, повеќе не боли.

Ако сте се запрашале што се случува со кожата за тоа време, еве го одговорот.

Телото почнува да ја реапсорбира крвта што излегува од капиларите, со што на крај предизвикува модринката да помине и да исчезне. И процесот на заздравување е придружуван со менување боја.

Свежата крв се ослободува од оштетените капилари која на хемоглобинот (протеин што транспортира кислород низ телото) му дава црвена боја. И благодарение на таа свежа крв богата со кислород, местото на повреда најпрво е розово-црвеникаво.

Но после еден или два дена без циркулација, хемоглобинот почнува да се разложува и модрицата станува сина, лилакова или црна.

Повеќето модринки ќе исчезнат самостојно, во најлош случај за две недели.

Но, постојат некои ситуации кога доктор треба да ве погледне. Една од овие ситуации е појава на хематом, кој на прв поглед личи на модринка, но може да биде многу поопасен.

Вообичаена модринка се јавува како резултат на мали капиларни повреди, но хематомите се јавуваат како резултат на посериозна повреда на поголемите крвни садови.

При прва помош, ако се удрите и имате впечаток дека ќе се направи огромна модринка, лекот е прилично едноставен: малку одморете се, ставајте ладни обвивки и обложете ја повредената област со еластичен завој. Ова треба да го намали поткожното крварење и отокот.

Неколку дена подоцна, ако имате голема модринка, заменете ги ладните облоги со топли, бидејќи загревањето на повреденото место ќе ја забрза циркулацијата.

Коментирај