Зошто некои луѓе мразат да се фотографираат?

Дали припаѓате на онаа група луѓе кои штом видат камера или телефон, се тргаат на страна?

Претпоставуваме дека во вашиот телефон може да се најдат некои селфи фотографии, но скоро е невозможно да се најдете на нечија фотографија, особено групни слики или слично.

Ако припаѓате на тој тип на личности, добро е да знаете дека постојат научни објаснувања зошто е тоа така.

Фотографиите некогаш се правеле за да се „спасат“ моментите од заборав. Филмовите беа скапи, како и опремата, па затоа добро се помислуваше на што ќе се потрошат тие дваесет „пози“.

Денес, ситуацијата е поинаква. Со еден клик и имате фотка. Програмите за обработка на слики, колажи, се далеку подостапни, а сепак, се чини дека сме сè понезадоволни од тоа како „излегуваме“ на фотографиите.

Д-р Кристијан Џерет е еден од водечките психолози на оваа тема. Тој најпрво истакнува дека една причина е веројатноста личноста да е премногу самокритична кога станува збор за нејзиниот изглед.

Како што објаснува тој, честопати се случува да ги проценуваме нашите фотографии во однос на нереално високи стандарди. Сепак, д-р Џерет истакнува дека треба да се има предвид дека повеќето други луѓе едноставно не се способни да ја гледаат нашата слика толку критички.

Постои и друга причина. Имено, навикнати сме на својот одраз во огледалото што го гледаме од еден агол, а фотографиите на телефонот може да ни изгледаат чудни. Ситуацијата е иста како кога ќе го слушнеме нашиот глас снимен затоа што сме навикнати да го слушаме како одекнува во внатрешноста на черепот.

Психологот Роберт Зајонк исто така посочи на една позната студија од 70-тите години. Имено, на испитаниците им биле прикажани две нивни фотографии. Едната слика го покажува нивното вистинско лице, а другата, она што го гледаат во огледалото. Откриено било дека луѓето секогаш ќе ја претпочитаат својата слика од огледалото. Но, студијата исто така открила дека пријателите и семејството на една личност секогаш ја претпочитаат вистинската слика за лицето.

„Делумно, таа потреба да се сними совршената слика за нас инспирира бесконечно снимање на внимателно уредени селфи фотографии. А тука се и нашите очекувања што не се во согласност со реалноста. Повеќето од нас мислат дека изгледаат оптимално когасами си прават селфи, а резултатите од истражувањето велат дека набљудувачите ја оценуваат истата личност како попривлечна, достапна, помалку нарцисоидна, ако некој друг ѝ направи фотографија“, објаснува д-р Џерет за The Vice.

Сепак, добрата страна на групната фотографија е таканаречениот „ефект на мажоретка“. Ова е докажан феномен, во кој луѓето ги оценуваме како попривлечни кога се дел од група отколку кога се изолирани. Ако погледнете слика од себе со пријателите, веројатно ќе се фокусирате само на себе и ќе ја анализирате секоја мала маана, додека другите кои ја гледаат таа слика на интернет, на пример, ве гледаат како група и ја проценуваат просечната привлечност наместо индивидуалната.

Од друга страна, има и такви за кои онлајн безбедноста е исклучително важна и тие избегнуваат да бидат „тагнувани“ и да обележуваат локација на нивните објави.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Живот

Направи магија вредна 500.000 денари

Read more

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Read more

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more
 

Магазин

Направи магија вредна 500.000 денари

Читај повеќе

Колку најмалку треба да спиеме за да го „преживееме денот“?

Читај повеќе

Детали од свадбата што откриваат дека бракот нема да трае долго

Читај повеќе

Кога работниците најчесто лажат дека се болни?

Читај повеќе

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе