Хардвер

Зошто новиот Apple Macbook не доби препораки од Consumer Reports?

24. декември 2016 - 13:21 | Д.П.

Една од најтемелните организации за анализа на гаџетите Consumer Reports за првпат не му даде препорака на Apple Macbook. Причината за тоа, Consumer Reports ја посочува во проблемите со траењето на батеријата.

Тестовите ги опфатиле сите три најнови Macbook Pro лаптопи на компанијата, а извештајот тврди дека резултатите за траењето на батеријата не се конзистентни.

Така на пример при првото тестирање 13 инчниот модел со Touch Bar работел 16 часа,  при второто тестирање тој работел малку повеќе од 12 часа, додека во третото тестирање работел само нешто повеќе од 3 часа.

Тестирањето на Consumer Reports за издржливоста на батерија се прави со вклучување на лаптопот и сурфање на интернет преку Chrome.

Коментирај