Зошто откритието на гравитационите бранови е толку важно?

Американскиот физичар и космолог Лоренс Краус кој првично ја објави гласината за можното откритие на гравитационите бранови, го коментираше големото научно откритие. Станува збор за веројатно најважното откритие во последните 100 години - потврдувањето на специфичните бранови што Алберт Ајнштајн ги предвидел уште во 1915 година во рамките на Општата теорија на релативноста.

Гравитационите бранови се последица на забрзувањето на масивните објекти кои со своето движење создаваат набори во простор-времето, што потоа се шират како бранови на површината на водата. Тоа се поврзува со Општата теорија на релативноста, која вели дека масивните објекти во нормална состојба ја закривуваат структурата на простор-времето и така го создаваат ефектот што ние го знаеме како гравитација.

Физичарот и космолог Лоренс Краус изнесе детално мислење за ова откритие.

„Се се сведува на фундаменталното прашање - од каде потекнуваме и каде одиме. Можноста целата вселена одеднаш да ја гледаме на сосема поинаков начин ќе ни даде нова перспектива на нашето место во вселената. Тоа е голема предност за науката, бидејќи таа има моќ да го преиспита она што го знаеме. Слична моќ имаат уметноста, литературата и музиката, па сликите на Ван Гог и откритието на гравитационите бранови се преубави работи кои ги будат најдлабоките човечки емоции. Сите сме поврзани, сите сме дел од вселената. Процесите кои ја формирале црната дупка можеби се поврзани со експлозијата на супернова која исфрлила атоми од кои денес е составена мојата рака“ - вели Краус.

Иако првите информации сугерираа дека регистрираните бранови се создадени од бинарен систем на пулсари, Краус е среќен дека сепак станува збор за две црни дупки.

„Потврдата дека научниците регистрирале бранови кои се поврзани од две црни дупки при сударот ни дава нова слика за вселената. Прво, добиваме нови докази дека црните дупки постојат. Второ, добиваме начин како да го истражиме event horizon во црните дупки. Трето, добиваме одговори на прашањата за црната дупка во центарот на нашата галаксија. Четврто, ќе научиме нови работи за самата гравитација, но на крајот најважното е што не знаеме што следно ќе се случи - затоа и откритијата се викаат откритија“ - изјави Краус за австралискиот научен канал ASC.

 

A landmark day for Einstein and our understanding of the universe: the detection of gravitational waves. World Science Festival's own Brian Greene explains the discovery.

Posted by Albert Einstein on Thursday, February 11, 2016
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Наука

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Read more

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Read more

Ретко суштество за кое малку се знае снимено на дното на морето

Read more

Свински бубрег првпат трансплантиран на човек, лекарите воодушевени

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе