Зошто руските космонаути носат оружје во вселената?

Популарниот мит за Русите дека одат вооружени во вселената е точен, а причините за тоа се конечно откриени.

До 2007 година руските космонаути заминувале вооружени во вселената не за да пукаат во вонземјани или во астронаутите на НАСА. Пиштолот и мачетата биле дел од нивната опрема за преживување во случај екипажот да слета во некоја далечна област во Русија, открива писателот Џејмс Симпсон.

И руските космонаути во текот на минатите години во интервју открија дека со себе носеле оружје во мисиите. Космонаутот Сергеј Рјазански вели дека во периодот меѓу 1982 година и 2006 година сите руски астронаути со себе носеле оружје во вселената, пишува Sputnik.

Советскиот научник Борис Черток во книгата „Ракети и луѓе“ опишува настан што се случил во 1965 година кога Voskhod 2 се спуштил во тајга во Урал со астронаутите Алексеј Леонов и Павел Белјаев. Спасувачките екипи не можеле да дојдат до нив повеќе дена. Писателот го опишува моментот кога виделе како се приближува мечка до местото каде астронаутите се сместиле. Токму затоа идејата за оружје не е луда, пишува Metro.

Поголемиот дел од Русија е дивина, а само една грешка може да ги однесе астронаутите во пустелија. Руските космонаути биле вооружени со пиштол TP-82 до 2007 година. Денес, благодарение на технологијата имаат помала причина да носат оружје. Но, за секој случај, космонаутите со себе сè уште носат ваква слична опрема за преживување, но без пиштол.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Наука

НАСА: Упс!

Read more

Најсилната соларна бура во историјата беше поголема отколку што мислевме

Read more

Месечината се превртела одвнатре нанадвор пред милијарди години

Read more

Имаме само уште две години да ја спасиме планетата Земја

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе