Живот

Зошто се дебелееме од алкохолот?

23. август 2019 - 13:23 | М.С.

Алкохолот содржи седум калории во еден грам. Можеби сметаме дека е апсурдно да добиеме вишок килограми од пијалок, но, дали е тоа така?

Алкохолот влијае штетно на лачењето на глукагон во организмот, хормон кој го лачи панкреасот, а чие основно дејство ја зголемува концентрацијата на глукоза во крвта. Овој хормон кој делува спротивно на инсулинот ја зголемува концентрацијата на слободните масни киселини во крвта.

Телото не го складира алкохолот, затоа прво ги согорува калориите кои ги внесуваме преку алкохолните пијалоци, пренесува Daily Mail.  Доколку јадете тестенини и испиете некој алкохолен пијалок, телото ќе го согори алкохолот, а потоа калориите од храната кои најверојатно ќе се наталожат на стомакот.

Алкохолот, телото го регистрира како отров, така што кога пиеме, приоритет на црниот дроб е да се ослободи од тие супстанци, пред да продолжи да го работи она што всушност му е примарна функција.

Чаша вино содржи околу 75 калории, лименка пиво 136, а жесток пијалок околу 94.

Коментирај