Зошто смартфоните се толку добри, а батериите толку лоши?
Телефонските батерии се лоши, недоверливи и малку траат – ова не е претпоставка, туку факт. Дури и огромните телефони, кои имаат исто така огромни батерии, не можат да работат цел ден без да бидат приклучени на полнач. Епа, како технологијата за смартфони напредна толку многу, а батериите останаа толку лоши?
Не беше отсекогаш така. Во едно минато време, пред десетина години, телефоните имаа одлични батерии кои знаеја да траат и до пет, шест дена без да имаат потреба од полнач. Но, оттогаш смартфоните напреднаа, а развојот на батериите стагнираше и сега сме дојдени до степен да ризикуваме да останеме без батерија ако излеземе надвор од домот на цел ден без полнач.
Според Венкат Сринивасан, директорот на Колаборативниот центар за наука за складишна енергија, одговорот е многу едноставен: Муровиот Закон ја претекна технологијата на батериите - значејќи дека телефоните станаа подобри и имаат поголеми побарувачка за енергија – многу побрзо отколку што може да постигне индустријата за батерии.