Здравје

Зошто треба да го намалите внесот на маснотии во организмот?

6. септември 2019 - 15:13 | М.С.

Многу луѓе се трудат да јадат што помалку масти и јаглехидрати. Иако мастите и јаглехидратите се корисни и неопходни за непрекината работа на организмот, во поголеми количини можат да предизвикаат негативни ефекти.

Еве неколку начини како може да ја намалите количината на масти во омилените јадења.

Можеби ќе бидете изненадени кога ќе слушнете дека најголемиот извор на заситени маснотии, околу 35 проценти, доаѓа од комбинирана храна, особено со сирење и месо.

Еден грам маснотии има двојно повеќе калории од грам протеин или јаглехидрати.  Намалете го внесот на маснотиите со тоа што ќе го ограничите додавањето на засилувачи на вкус во подготвената храна. Поточно, додатоците засновани на маснотии честопати се додаваат за подобрување на вкусот, наместо на хранливата вредност.

Наместо да подготвувате сложени рецепти, поедноставете ги колку што е можно повеќе. Поточно, подгответе пилешко или риба на таков начин што нема да им давате додатоци богати со маснотии само за да го подобрат нивниот вкус.

Црвеното месо може да биде на менито еднаш или двапати неделно. Доколку сакате да јадете месо повторно, изберете говедско, пилешко или јагнешко месо. 

Кога правите јадења засновани на месо и сирење, заменете половина од месото со зеленчук или грав. 

Користете растителни масла за сосовите. Тие се поздрави од путерот и веројатно нема да забележите никаква разлика во вкусот, особено ако ја збогатувате храната со билки или зачини.

И на крај, избегнувајте пржена храна, бидејќи е невозможно да се знае колку маснотии апсорбира, советува Health24.

Коментирај