Зошто ви трепери очниот капак?
Треперењето на очниот капак е вообичаено и безопасно. Во поголемиот број случаи трае неколку секунди или неколку минути, а понекогаш може со прекини да трае со денови. Ако треперењето не прекинува и/или имате и други придружни симптоми како печење, црвенило или болка, веднаш побарајте лекарска помош.
Медицинскиот израз за треперење или „играње“ на очниот капак е миокимија. Многу ретко, треперењето може да е знак за сериозна невролошка состојба како парцијален грч на лицето.
Ова се најчестите причини за треперење на очниот капак и што треба да направите за да помине побрзо непријатноста.