Љубов и секс

Зошто за жените не постои секс без заљубување?

2. ноември 2011 - 9:05 | М.Ш.

Сигурно сте ја ледале и се сеќавате на „Sex and the City“ серијата, каде Саманта зборува дека има секс како маж - без чувства, опа-цупа, па чао, пријатно?

Епа, девојки, во реалниот живот работите не функционираат така. Во прашање е појавата позната како „проклетството на оргазмот“, која се случува после одличен секс со маж. После ваква жестока партија, типот престанува да биде безначаен сателит во вашата орбита и наеднаш станува Сонце.

Престанете да го обвинувате дека ве „изманипулирал“ да се заљубите во него, тој, всушност не направил ништо импресивно. Сè уште е истиот тип кој нема проблем да си го прочепка носот во јавност или кој е целосно неписмен кога е правопис во прашање. Сепак, вие не можете да престанете да размислувате како заедно чекорите кон олтарот и живеете во огромна куќа на плажа, заедно со вашите четири деца и две кучиња.

Да, не сте само вие и не сте единствени кои така се чувствуваат после добра вечер помината со некој тип. Всушност, научниците од Универзитетот Руџерс заклучиле дека целата вина слободно можеме да му ја префрлиме на хормонот окситоцин.

Додека научниците истражувале што се случува во мозокот за, пред и после оргазмот, сфатиле дека нашиот мозок свети како флипер во тој период, ослободувајќи го овој хормон кој нè наведува да се врземе за некоја личност и да „ослободуваме“ емоции.

А, толку либерален е овој хормон - никого не дискриминира. Не бира дали тоа е некој вагабонт или Господинот Вистински, телото го ослободува без обѕир на здравиот разум.

Проблемот настанува, бидејќи мажите не се исти како нас, не ја имаат оваа т.н. конфузија после сексуалниот однос. Кај него се ослободува само допамин, хормон на задоволство.

Ако земеме сè во обѕир, биолошки гледано, жените се зафркнати. После сексот, мажите се чувствуваат задоволни, најверојатно мислат на спиење, пица или следниот секс, а жените се во целосен хаос, бидејќи не можат да одлучат дали го сакаат или не. Како да не беа досега доволно дискриминирани... :)

Коментирај