Хардвер

Звучници за богатите фанови на Lamborghini

7. декември 2016 - 19:11 | Д.П.

Lamborghini е бренд познат по своите врвни спортски автомобили, а сега на пазарот за прв пат пласираа и звучници кои го носат нивното лого. Во соработка со компанијата iXOOST, автомобилскиот бренд направи скапоцени звучници со дизајн инспириран од моделот Aventador.

Освен што стилски потсетуваат на задниот дел на тој суперавтомобил, во текот на нивната изработка, користени се истите стандарди кои важат за популарниот модел.

Италијанската компанија тврди дека се употребени истите материјали од кои се прави автомобилот - како карбонскиот материјал од кој го прават автомобилот, како и оригиналните цевки од издувниот систем.

Звучниците ќе можат да се поврзат преку Bluetooth или пак преку аналоген приклучок. Тие испорачуваат звук од 800 вати во виртуелен 6.1 сараунд систем.

Целиот систем е рачно изработен, а кога ќе се земат во предвид материјалите и логото на Lamborghini, не е ни чудо што нивната цена изнесува 24.000 долари, што е посакпо од еден квалитетен фамилијарен автомобил.

Loading the player...

 

Коментирај