1 август 1981, со спотот за Video Killed The Radio Star почна да работи MTV
На денешен ден, 1 август, во 1981 година, 15 минути по полноќ, спотот за песната „Video Killed The Radio Star“ од „Баглс“ стана првиот видеоспот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура.
Со тоа официјално почна со работа американската музичка телевизија MTV, со седиште во Њујорк, во сопственост на MTV Entertainment Group, дел од ViacomCBS Domestic Media Networks, под капата на ViacomCBS.
На ТВ-каналот оригинално се емитуваа музички видеоспотови и програма поврзана со музичката индустрија, додека низ годините фокусот се промени кон забавни и едукативни содржини за тинејџери и адолесценти.