1 февруари 1884, објавено првото издание на Oxford English Dictionary
На денешен ден кон крајот на XIX век достапно за јавноста станало првото издание на денес најпознатиот речник за англискиот јазик, Oxford English Dictionary.
Идејата за речникот датира уште од 1857 година кога членови на Лондонското филолошко друштво решиле да создадат речник кој ќе ги содржел сите зборови на англискиот јазик и тоа не само модерни туку и зборови од англо-саксонскиот период. Мислеле дека ќе им бидат потребни 10 години за да го направат, но поминале над 40 додека да го комплетираат бидејќи конечно бил комплетиран дури во април 1928 година.
На 1 февруари во 1884 година бил објавен првиот дел со наслов „A New English Dictionary on Historical Principles; Founded Mainly on the Materials Collected by The Philological Society“. Имал 352 страници и почнувал од буквата А до зборови кои почнуваат со ant, чинел 12 шилинзи и 6 пенија, а се продале 4 илјади копии.
За разлика од останатите денешни речници на англискиот јазик, речникот на Оксфорд нуди хронолошка историја на секој збор и израз, нудејќи цитати од голем број на извори. Има околу 60.000 зборови и над 430 изрази.