1 јуни 1980, почнал со работа CNN
На денешен ден, 1 јуни, во 1980 година, светот ја добил првата телевизија со 24-часовна програма.
Телевизискиот канал своето прво емитување го направил од своето седиште во Атланта, Џорџија, и тоа со сторија за обидот за ликвидација на борецот за човекови права Вернон Џордан.
CNN, акроним од Cable News Network, бил идеја на Роберт Тарнер, бизнисмен од Синсинати кој како дете се преселил во Атланта. Сопственик на клубовите Атланта Хокс (кошарка) и Атланта Брејвс (бејсбол), како и на телевизијата TBS, Тарнер бил милијардер кој го променил начинот на известување.
Иако во првите години CNN работел со загуба и бил исмеван во јавноста, а ТВ вестите и натаму биле доминирани од страна на големите играчи ABC, CBS и NBC, CNN со својата 24-часовна работа од гледаност од само 2 милиона американски домови потоа го презел пазарот со над 90 милионска гледаност или 370 милиони домови интернационално.