1 ноември 79, Везув ја затрупал Помпеја
Една од најпознатите ерупции на вулкан се случила во 79 година кога вулканот Везув ги затрупал римските градови Помпеја и Херкуланеум.
Точниот ден кога се случила ерупција не се знае со сигурност, но според последните истражувања на италијанските археолози се претпоставува дека тоа се случило на 1 ноември, евентуално некој ден порано.
Двата града се неверојатно сочувани благодарение на лавата и пепелта која ги покрила и нудат поглед во времето кога животот таму експресно застанал. Помпеја е откопана во 1592, додека Херкуланеум во 1709 година.
Денес и двата града се туристички атракции кои нудат одличен поглед во минатото и животот на древните Римјани.