10 бизарни начини и околности под кои умреле римските императори

Некои римски владетели доживеале навистина необичен начин на смрт. Ова е листа на десетте најчудни начини на кои умреле римските императори.

Помеѓу 27 година п.н.е. и 476 н.е. владееле вкупно 77 римски императори. За повеќето од нив, нивното владеење не траело долго. Дури 33 од нив биле убиени, некои загинале во битка, додека неколкумина извршиле самоубиство.

Валеријан

Владеел од 253 до 259 година. Бил поразен во битка и бил заробен од персискиот крал Шапур I. Според еден извор, персискиот крал го понижил и на крајот го погубил истурајќи растопено злато во грлото на императорот.

Јовијан

Владеел само осум месеци, помеѓу 363 и 364 година. Постојат две верзии за неговата смрт: според првата верзија, Јовијан се задушил во својата соба откако од јаглен испарил јаглерод моноксид, а според втората, починал од труење после јадење отровни печурки.

Тибериј

Владеел од 14 до 37 година и се чинило дека починал како резултат на болест на 77-годишна возраст. Неговиот правнук, Калигула, бил убеден дека станал император по неговата смрт. Меѓутоа, во еден момент, царот Тибериј се освестил и дури побарал да јаде. Ова предизвикало шок кај сите, а во меѓувреме еден од слугите веднаш реагирал - ја зел постелнината од смртната постела на императорот и го задавил.

Каракала

Императорот кој владеел од 198 до 217 година е познат по убиството на својот брат и совладетел Гета, бидејќи по неговата венчавка наредил масакр на младенците и гостите, а исто така останал познат и по своето сурово владеење. При едно патување морал да застане за мала нужда покрај патот. Тој момент го искористи Јулијус Матијалис, негов офицер и личен телохранител, кој остана вознемирен по наредбата на Каракала да го убие братот (на императорот) неколку дена претходно. Ја искористил можноста за одмазда и го убил императорот.

Кар

Царувал од 282 до 283 година. Бил стациониран со својата војска во близина на персиската граница кога биле фатени во жестока бура. Гром удрил во шаторот на императорот и додека се појавиле стражарите на помош, тој веќе бил мртов.

Комод

Император од 177 до 192. Го преименува градот Рим во Колонија на Луциј Аниј Комодијан и ги сменил имињата на месеците во годината. На 31 декември 192 година, некои заговорници се обиделе да го убијат со труење на храната, но Комод ја повратил. Потоа, ги испратиле партнерите на императорот во неговата приватна бања, каде што го задавиле.

Валентинијан I

Император од 364 до 375 година. Разговарал со пратеник на германско племе за можноста дека иако е потпишан мир, тие можат да ги нападнат Римјаните во секој момент. Таа можност толку многу го налутила Валентинијан I што во главата му пукнал крвен сад, предизвикувајќи ја неговата смрт.

Нерон

Император од 54 до 68 година. Нерон е познат по својата тиранија и екстраваганција. Кога бил соборен, Сенатот испратил луѓе да го уапсат, Нерон се обидел да си го одземе животот, но не можел. Побарал од неговиот личен секретар Епафродитос да го прободе. Последните зборови на императорот биле: „Каков уметник умира со мене!“.

Нерон
Карин

Император од 282 до 285 година. Се смета за еден од најлошите владетели во римската историја. Постојат неколку верзии за неговата смрт. Според една верзија, бил убиен од неговиот офицер бидејќи ја нападнал неговата сопруга (на офицерот).

Веспазијан

Владеел од 69 до 79 година. Умирајќи како последица од болест, им рекол на слугите да го исправат, велејќи: „Императорот треба да умре на нозе“. Неговите последни зборови биле: „Мислам дека станувам бог“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Вести

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Read more

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Read more

Заврши историската приватна мисија на Intuitive Machines, лендерот заспа засекогаш

Read more

Повлечена студијата која тврди дека во Индонезија е пронајдена 27.000 години стара пирамида

Read more
 

Гик

Астронаутите ќе однесат растенија на Месечината во 2026 година

Читај повеќе

Како да го изберете вистинскиот паметен телефон за вас?

Читај повеќе

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Читај повеќе

Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Што донесе бесплатното ажурирање за Gran Turismo 7?

Читај повеќе

Климатските промени ја забавија ротацијата на Земјата

Читај повеќе

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Читај повеќе
  • filter

Гејминг симулаторот Pagani Huayra R изгледа импресивно

Читај повеќе

Драмата продолжува: TikTok под истрага, ѝ се заканува тужба

Читај повеќе