10 древни вистински чуда на архитектурата и инженерството (I дел)

Запознајте ги градбите кои со својот изглед и монументалност претставуваат скриени скапоцени камења за кои не знаеме многу.

Нема кој не слушнал за Стоунхенџ или за египетските пирамиди. Сепак, постојат архитектонски дела, некои во оддалечените делови на светот, кои оставаат без здив со нивните иновативни архитектонско-технолошки решенија, особено кога ќе се земе предвид времето кога се создадени.

Ова се десет такви чуда:

1. Саксахуаман, Перу, од 1438 до 1471 г.

Денес ова место е археолошки локалитет во Куско, а според научниците некогаш било светилиште на древните Инки.

Изграден е во времето на Пачакути и неговите наследници, од парчиња џиновски камени блокови чија индивидуална тежина е 125 тони. За споредба, камените блокови од кои е изградена Големата египетска пирамида тежеле во просек околу 2,5 тони.

Ѕидовите биле градени камен по камен, а долните редови се толку добро усогласени што и денес меѓу нив не може да се вметне ниту лист хартија. Историчарите сѐ уште расправаат за тоа како камењата биле транспортирани од каменоломот, кој е оддалечен околу 3 километри, до градилиштето. Споменатиот податок е уште пофасцинантен ако се земе предвид дека храмот е изграден на надморска височина од 3.701 метар.

Од 1983 година е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

2. Тикал, Гватемала, од 200 до 900 г.

Древната зграда на Маите, која според истражувачите некогаш се нарекувала Лак Мутал, сега е обрасната со густа џунгла. Храмот на двоглавата змија се издвојува меѓу античките светилишта како една од највисоките предколумбиски градби на западната хемисфера.

Тикал некогаш бил главен град на една држава освојувачка, која со текот на времето станала едно од најмоќните кралства на древните Маи. Иако монументалната архитектура на ова место датира од IV век п.н.е., таа го достигнала својот врв во класичниот период.

Локалитетот содржи низа камени храмови со пирамидална структура, издигнати на големи платформи, со широки скали што водат до светилиштето и украсени фасади. Научниците веруваат дека архитектонските обрасци имаат свои паралели во астрологијата, иако - велат тие - кога станува збор за Тикал, има уште многу да се истражува.

Од 1979 година е на листата на светско наследство на УНЕСКО.

3. Боробудур, Индонезија, од 778 до 850 г.

Боробудур лежеше скриен под вулканската пепел и густата вегетација од џунглата до 1835 година. Денес се смета за најголемиот будистички храм во светот. Сепак, сè уште не знаеме многу за неговата конструкција или првичната намена, а историчарите сè уште проучуваат илјадници резбани релјефи со цел да ги решат сите овие мистерии.

Се верува дека биле потребни 75 години за да се изгради. Изграден е од блокови андезит - сиви вулкански карпи, земени од соседните каменоломи каде што биле откинати, транспортирани и наредени без врзувачки средства.

Храмот се состои од 9 платформи, 6 квадратни и 3 кружни, со централна купола на врвот. Украсен е со 2.672 релјефни панели и првично 504 статуи на Буда. Централната купола е опкружена со 72 статуи на Буда, секоја сместена во еден перфориран столб.

Бројни докази сугерираат дека Боробудур бил изграден во IX век и бил напуштен по падот на хинду кралствата во Јава во XIV век и преминувањето на Јава во ислам.

По реставрацијата во 1982 година, УНЕСКО го вклучи споменикот во својата листа на светско наследство.

4. Пештера Елора, Индија, од 550 до 750 г.

Ова свето место е дом на бројни хиндуистички, будистички и џаин храмови издлабени од вулканска базалтна карпа. Меѓу украсените пештери е и големиот храм на Каилаш, кој - со своите 32 метра височина, е најголемиот споменик во светот издлабен од едно парче карпа. Неговата форма наликува на кочија, а е посветен на богот Шива.

Практично издлабен од базалтен рид, тој претставува трикатен „град“ со октагонална купола. Меѓу многуте архитектонски детали, од впечатливите резби се издвојуваат основите, гредите, капителите и пиластрите.

Манастирите со различни религиозни верувања кои биле изградени еден до друг ја илустрираат религиозната хармонија што постоела во древна Индија. Сите споменици на Елора биле изградени за време на династијата Раштракута, со помош на средства обезбедени од членовите на кралското семејство, како и од трговците и богатите луѓе од регионот.

Иако пештерите првично служеле како храмови и места за одмор за аџиите, со текот на времето местото се нашло на јужноазискиот трговски пат, претворајќи го во важен трговски центар во регионот.

5. Шибам, Јемен, од 300 г.

Повеќето луѓе веројатно никогаш не би помислиле дека домот на првите „облакодери“ во историјата на човештвото е негостопримливата територија на пустината. Сепак, 1700-годишниот Шибам ни го кажува токму тоа.

Денес често се нарекува Пустинскиот Чикаго или Пустинскиот Менхетен и се состои од околу 500 кули изградени од тули направени од кал. Со векови, овие пустински облакодери ги штителе жителите во ѕидините од поплави и напади на бедуините.

Иако многу од облакодерите се повторно изградени и населени до ден-денес, Шибам претставува еден од најраните примери на повеќекатни вертикални структури во светот. Некои згради имаат и до 11 ката, а некои достигнуваат висина од 30 метри.

Зградите од кал често се загрозени од ветер, дожд и ерозија, па затоа бараат постојано одржување и премачкување за одржување на нивните структури. Во текот на 2008 година, градот беше сериозно погоден од поплави предизвикани од тропска бура. Исто така беше цел на напад на Ал Каеда во 2009 година.

Градот беше вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО во 1982 година.

Продолжува во сабота...

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Архитектура

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Читај повеќе
  • play_arrow

Вирална снимка од поплавите во Дубаи: Мачка очајно се држи за автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Читај повеќе