10 древни вистински чуда на архитектурата и инженерството (II дел)

Запознајте ги градбите кои со својот изглед и монументалност претставуваат скриени скапоцени камења за кои не знаеме многу.

Нема кој не слушнал за Стоунхенџ или за египетските пирамиди. Сепак, постојат архитектонски дела, некои во оддалечените делови на светот, кои оставаат без здив со нивните иновативни архитектонско-технолошки решенија, особено кога ќе се земе предвид времето кога се создадени.

Ова се десет такви чуда, продолжуваме со вторите пет откако првите веќе ги објавивме:

6. Сигирија, Шри Ланка, 5 година

Сигирија, или Лавовска карпа, како што уште ја нарекуваат, е тврдина издлабена во вертикална карпа висока околу 200 метри. Во текот на својата богата историја имала различни намени, но најдолга била кралската палата и манастирот, каде што се наоѓала цитаделата, горниот дворец, бројните градини, ѕидовите богато украсени со фрески и портата со лавови.

Истражувачите наведуваат дека жителите на ова архитектонско чудо користеле системи за наводнување на канали, езера и пумпи за вода, што било извонредно технолошко достигнување за тој период.

Според древната хроника на Шри Ланка, наречена - Кулавамса, оваа област некогаш била голема шума. И тогаш, по бури и лизгање на земјиштето, настанал ридот што го избрал кралот Кашјапа - во втората половина на V век - како негов нов главен град. Тој ја изградил својата палата на врвот на оваа карпа и ги украсил нејзините ѕидови со шарени фрески. На платото на половина пат до палатата изградил порта во облик на огромен лав.

Денес, Сигирија е на списокот на светско наследство на УНЕСКО и претставува еден од најдобро зачуваните примери на древно урбанистичко планирање, според истражувачите.

7. Аквадуктот во Сеговија, Шпанија, 50 г. п.н.е

За какво архитектонско и технолошко чудо се работи говори тоа што Аквадуктот во Сеговија го снабдувал блискиот град со вода од реката Фрио дури и во XX век. Изграден во времето на римските императори Клавдиј и Трајан, тој е еден од најдобро зачуваните римски аквадукти.

Денеска се зачувани само столбови и сводови високи околу 28,5 метри. Овие двокатни аркади се направени од камени блокови, кои ретко биле поправени до XV и XVI век. Детално бил реконструиран во XVI век за време на владеењето на кралот Фернандо II Арагонски, кога биле додадени скулптури во централните ниши.

Археолозите велат дека некогаш бил долг околу 18 километри и дека сводовите се издигнале над околниот пејзаж, јасно покажувајќи ја инженерската моќ на Римската империја. Нивната пресметка вели дека биле потребни околу 20.400 гранитни блокови, во комбинација со системите за грабање што се користат за подигнување на камењата, за да се изгради.

Од 1985 година, овој аквадукт е признат како единствен пример за светско наследство и вклучен во листата на УНЕСКО.

8. Санчи Ступа, Индија, 300 г. п.н.е

Санчи Ступа е еда од најстарите камени грдаби во Индија. Истражувачите пронајдоа докази дека најстарите делови на градбата датираат од околу 300 година пред новата ера, кога била изградена за да се сместат моштите на Буда. Овој храм е будистички комплекс - најпознат по својата Голема ступа.

Околу 185 година п.н.е., Санчи Ступа била реконструирана така што достигнала висина од околу 32 метра. По тој повод со стари камени плочи била изградена зарамнета купола, на врвот на која има три градби кои ја симболизираат Дарма, т.е. Тркало на законот.

Моментално е висока 21,6 метри, а меѓу портите, скалите и платформата на највисокото ниво може да се забележат бројни резби и релјефи. Интересен факт е дека оваа градба се смета за една од најважните во Индија и како таква се нашла и на задната страна на индиската банкнота.

9. Тврдината Ван, Турција, од 900 до 700 г. п.н.е

Изградена е на стрмна карпа со поглед на Тушпа, во близина на денешниот град Ван. Истражувачите претпоставуваат дека оваа масивна камена тврдина некогаш била изградена од луѓето од древното кралство Урарту во текот на IX век п.н.е.

Неколку слични утврдувања биле изградени низ целото Урартско Кралство - обично изделкани на ридови - на места каде што денес се среќаваат Ерменија, Турција и Иран. Сепак, Ван е најмонументалниот пример на оваа архитектура.

Долните делови на ѕидот од цитаделата се изградени од немалтерисан базалт, додека остатокот е изграден од тули од кал. Таквите тврдини некогаш биле користени за надгледување на регионот, а не како одбрана од странски војски. Внатре во тврдината биле пронајдени осум гробници врежани во високи комори.

Научниците наведуваат дека нејзината изградба барала неверојатна математичка и архитектонска градба, истакнувајќи ги архитектите на Урартското Кралство како највештите на Блискиот Исток во овој период.

10. Чанд Баори, Индија, 900 г. п.н.е

Чанд Баори предизвикува стравопочит и поради својата намена и поради својата совршено симетрична конструкција. Ги фасцинира лаиците и научниците кои ја проучуваат оваа градба.

Се верува дека овој бунар бил изграден во 10 век за снабдување со вода на околните села во источен Раџастан. Неговите 3.500 скалила сè уште се спуштаат 19,5 метри длабочина, што претставува еден од најголемите и најдлабоките бунари во светот. Истражувачите велат дека симетријата на зградата е неверојатна, особено ако се земе предвид дека е направена со едноставни алатки.

Најстарите делови од скалите кои припаѓаат на овој древен бунар датираат од VIII век. Откриено е дека горната палата, користена од владетелите Чаухан, подоцна била додадена на локацијата, додека горните катови со сводови на столбови биле изградени околу XVIII век, за време на ерата на Могалите. Потврдено е дека Могалите додале уметнички галерии, како и потпорен ѕид околу бунарот.

Многу од скалестите бунари во Индија, вклучувајќи го и Чанд Баори, некогаш имале повеќе намени, секако екстракција на вода, но и религиозни или церемонијални активности.

Чанд Баори се состои од 3.500 тесни скали на 13 ката. На неговото дно, воздухот е 5 до 6°C поладен отколку на површината, па се верува дека се користел како место за собирање на локалното население во периоди на интензивна топлина. Вклучува и затворен правоаголен двор со прозорци, трикатен павилјон, галерии на столбови и балкони украсени со скулптури.

Кон првиот дел.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Архитектура

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more

Куќа од соништата на езерото Тахо се продава за 12,8 милиони долари, заедно со Tesla Cybertruck

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе