10 електрични автомобили на тест: Кој има најголем реален досег?

Италијанско списание тестираше десет популарни електрични модели во широк опсег на цени.

InsideEVs Italia стави 10 електрични модели на тест возење по патиштата низ Рим, сè за да го провери нивниот досег и трошоците за сопственост во реални услови. Анализираа навистина широк список на автомобили, од најевтиниот кинески MG до речиси петпати поскапиот BMW i7.

Тестната патека беше обиколницата Grande Raccordo Anulare (GRA) која го обиколува Рим и е долга 68,2 километри. Ограничувањето на брзината на делот за тестирање е 130 км/ч, односно 110 км/ч на одредени делници, но многу померодавно е да се каже дека метежот, па дури и застојот е вообичаен таму. Токму затоа, тестот започна околу 11 часот, по утринскиот метеж.

Сите автомобили имаа клима-уред поставен на 22⁰C, режимот на возење беше поставен на Normal, а имаше само возач во секое возило. Тие возеа додека нивото на батеријата не им падна на 5%. Потоа излегуваа од обиколницата и се упатуваа кон првиот полнач.

Автомобилите вклучени во тестот се: Ways U5, BMW i7, Kia Niro EV, Mercedes EQE, MG 4, Polestar 2, Renault Megane E-Tech, Škoda Enyaq Coupe, Smart #1 и Volkswagen ID.Buzz.

Во пракса, автомобилите постигнаа досег од 289 до 436 км, што со оглед на различните капацитети на батериите не е толку релевантно. Така, BMW i7 имаше најголем досег, но и капацитет од 101,7 kWh. Многу поинтересно е што во пракса е забележано намалување на досегот во однос на WLTP, од 16 до дури 31%, во зависност од моделот.

А токму кинескиот MG е најголемото изненадување, и тоа позитивно. Имаше најмало намалување на досегот во пракса од 16%. Со батерија од 61,7 kWh помина 357 км, што е значително помалку од декларираните 450 км, но сепак намалувањето е помалку изразено од она на конкуренцијата. Од друга страна, Renault Megane E-Tech има ист деклариран досег (но помала батерија) и помина само 295 км, што е пад од 31%.

Ако ја гледаме потрошувачката на енергија, MG 4 повторно е најдобар со 16,4 kWh. Најлоши се најтешките модели, сите со маса над два тона. Volkswagen ID. Buzz троши дури 24,4 kWh/100 km, што е повеќе од уште потешкиот и 2,5 пати помоќниот BMW i7.

Remote video URL
реклама

Авто новости

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Read more

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Read more
 

Автомобили

  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе

Дали амонијакот може да биде алтернатива на фосилните горива?

Читај повеќе

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Читај повеќе