10 февруари 1996, велемајсторот Каспаров загубил од компјутер
За прв пат во историјата компјутер остварил победа во шах против човек кога IBM суперкомпјутерот наречен Deep Blue го совладал светскиот шампион Гари Каспаров.
На турнирот во Филаделфија, Пенсилванија, компјутерот ја добил првата партија иако подоцна ја загубил борбата против рускиот шахист со 4:2. Каспаров во наредните пет партии победил на три, додека две завршиле со реми.
Потезите на компјутерот на шаховската табла ги пренесувал човек.