10 фитнес митови кои мора да умрат

И покрај тоа што живееме во ера на информации, фитнес митовите продолжуваат да живеат и да се шират на интернет. Со цел да ги разобличиме, ајде да ги оддвоиме фактите од фикцијата поврзани со овие 10 фитнес митови.

Мит: Вагата покажува сè

Вагите се корисна алатка за следење на промените во вашето тело, но во никој случај не треба да живеете исклучиво според нив. Мерењето кое го добивате кога ќе се качите на вага треба да земе во предвид и други клучни информации како процентот на маснотии во телото. Исто така, верувањето дека мускулите тежат повеќе од маснотиите е погрешно.

Мит: Ако вежбаш со тегови, ќе станеш гломазен

Океј, не сите сакаат да изгледаат како билдери, но вежбањето со тежини е неверојатна алатка за оформувањето на телото, ако се користи правилниот метод.

Мит: Треба да јадеш помалку за да изгубиш тежина

Рестрикцијата на калории може да предизвика спротивен ефект: вашето тело почнува да станува убедено дека треба да складира резерви на масти доколку е несигурно колку често добива храна.  Наместо ова, фокусирајте се на подготовка на паметни и здрави оброци кои ќе ги консумирате пет пати дневно, а кои ќе го одржуваат вашиот метаболизам во движење. Јадете правилно, наместо да јадете помалку.

Мит: Може да таргетирате специфични делови за намалување на тежината

И покрај бројните тврдења, не постои дефинитивен начин да таргетирате дел од телото кој сакате да изгуби тежина. Фокусирање на вежби за одреден дел од телото нема да ги намали масните наслаги таму, туку ќе изгради мусули под нив. Со други зборови кажано, вежбањето на тие мускули ќе го стимулира вашето тело да согорува масти за да ги закрепне, што ќе има целокупни позитивни резултати.

Мит: Протеинските шејкови може да заменат оброк

Без сомнение, со успехот на разните џусери и џус барови, луѓето прават и купуваат сè повеќе протеински шејкови, но за жал многу консументи мислат дека може да испијат шејк наместо да изедат оброк. Ова е прифатливо од време на време, но не треба да биде секојдневие. Исто така, на пазарот има многу производи кои се декларираат како здрави, но листата на состојки го покажува спротивното.

Мит: Треба да избегнуваш јаглехидрати по секоја цена

Во изминатите неколку децении, се правеше демонизација на јаглехидратите и глутенот, која беше неоправдана. Јаглехидратите се водечки извор на гориво за телото, а доколку не земате доволно гориво, вашиот организам ќе страда. Јадењето јаглехидрати е важно за активните личности. Ова не значи дека не можете од време на време да не практикувате некоја диета која е базирана на низок внес на јаглехидрати и рестриктивна за глутен, но не треба постојано и целосно да се откажете од нив.

Мит: Кардиото е најдобар начин за слабеење

За повеќето луѓе, ако ги насочите да вежбаат и ако им кажете да изгубат тежина, ќе се упатат кон лентата за трчање или други справи за кардио вежби. Ова можеби е најбрз метод доколку сакате да се испотите, но најефективниот, долгорочен начин за согорување масти, е вежбањето со висок интензитет. Не дека трчањето не е одличен начин за вежбање, посебно што може да го правите каде и да сте, но најдобрите резултати доаѓаат доколку го комбинирате со други активности.

Мит: Мора да се истегнете пред вежбање или ќе се повредите

Концептот на загревање на телото уште е валиден, но не мора да таргетирате специфични мускули со долготрајно и напорно истегнување. Напротив, истражувањата покажуваат дека истегнувањето може да го намали опсегот на движење и да ги дестабилизира мускулите, резултирајќи со помалку продуктивно вежбање. Пред тренинг, започнете со динамично загревање. Кога ќе завршите со вежбање, не влегувајте одма под туш - истегнувањето после вежбање е корисно и практикувајте го.

Мит: Мора да пиете осум чаши вода дневно

Просечниот возрасен човек губи околу четири до шест чаши на ден, според истражувањето од Универзитетот Харвард. Нема потреба да подесувате потсетници за пиење вода на секој час - едноставно пијте кога сте жедни. Остатокот од водатата кој ви е потребен би требало го внесете преку храна богата со вода, како на пример овошје и зеленчук. Се разбира, оваа бројка треба да биде повисока, доколки сте на место каде климата е жешка.

Мит: Секојдневното одење во теретана е најдобар начин за да бидете фит

Вежбањето во теретана носи бројни предности за вашето здравје, но многу тренери се согласуваат дека исто така е важно и што правите во часовите помеѓу вежбањето. Одењето во теретана шест пати неделно наместо три пати не секогаш мора да значи дека е подобро, туку зависи и од тоа како го поминувате времето за вежбање и условите во кои се изведуваат вежбите. Важно е да имате доволно сон и да следите план за исхрана кој ќе му даде поддршка на тренингот. Одлуките кои ги донесувате надвор од вратите на теретаната влијаат на резултатите кои ги гледате.

Најголемиот мит: Дека некој може да ги има сите одговори

Една вистинска константа е дека ниеден режин на вежбање нема да функционира на секого и да ги постигне истите резултати. Бидете информирани колку што можете повеќе, истражувајте, консултирајте се со професионалци, но слушајте што ви кажува и вашето тело.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фит

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Read more

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе