10 години биткоин – каде е денес валутата која требаше да владее со светот?

Се роди пред точно десет години, во екот на финансиската криза во 2008, а тогаш аналитичарите предвидуваа дека биткоин ќе стане дигиталната децентрализирана валута која ќе го освои светот. Десет години подоцна, каде точно се наоѓа биткоин?

За време на глобалната економска криза во 2008 година, мистериозниот Сатоши Накамото измисли дигитална валута која требаше да ги замени класичните валути. Таа беше децентрализирана од банките кои ја предизвикаа кризата и на тој начин им ја одзема апсолутната моќ на финансиските пазари.

На денешен ден пред 10 години Накамото објави научен труд долг 9 страници под името „Bitcoin: A Peer-to-Peer Electronic Cash System“ во кој го опиша блокчејн системот, дистрибуираните датотеки на кои се заснова новиот монетарен систем, денес познат како криптовалута. Поради оваа причина Ноќта на вештерките може да се смета и како роденден на биткоинот, блокчејнот па и општо на криптовалутите.

Биткоин со години се користеше само во мала група на „рудари“ во уште помала биткоин заедница. Позната е приказната дека во раните години на оваа криптовалута еден програмер одвои дури 10.000 биткоини за да си ја плати пицата, што кажува многу за промената на вредноста на оваа валута, како и за начинот на нејзино користење.

Деновите на најголема слава ги достигна во 2016 и 2017 година кога, поттикнати од големиот раст на вредноста на биткоинот, скоро секој кој ги следеше вестите за технологија и финансии почна да размислува за инвестирање во криптовалути.

Најголемата вредност која ја достигна еден биткоин токен беше забележана во 2017 година и изнесуваше нешто помалку од 20.000 американски долари. Оттогаш, во текот на оваа година, неговата вредност почна да опаѓа а поради тоа се намали и интересот за инвестирање во биткоини. Меѓутоа, крипто заедницата и понатаму е активна а присутноста на блокчејн системот се шири надвор од пазарот на криптовалути. Цената се стабилизира на околу 6.000-7.000 долари за токен, додека вкупната трговска вредност на сите „ископани“ биткоини досега изнесува преку 100 милијарди долари.

Вистинското име и идентитетот на мистериозниот Сатоши Накамото и понатаму се непознати.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Интернет

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Read more

Instagram воведува голема промена

Read more
 

Гик

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе