10 години од смртта на големиот човек и пејач, Тоше Проески

Никогаш непреболената наша македонска ѕвезда со завидни вокални способности, човекот кој го паметиме само по неговата добрина, хуманост и скромност, Тоше Проески, не напушти на денешен ден пред точно 10 години.

Човекот кој беше миленик на сите генерации не само во нашата земја туку и низ целиот Балкан сите ќе го паметиме по песните кои ги соединуваа луѓето, ширеа љубов и кои оставија голем белег.

Тоше на 16 октомври трагично настрада во својата 26 година од животот, во сообраќајна несреќа на автопатот Загреб – Липовац, во Хрватска. Пејачот спиеше во џип кој беше управуван од возачот Горѓи Горѓиевски кога удари во шлепер кој се наоѓаше пред него.

Проески беше еден од ретките музичари на просториите на поранешна Југославија кој имаше завршено музичка академија. 

Студираше соло пеење на академијата во Скопје како еден од најдобрите студенти во својата генерација, а својот прекрасен вокал продолжи да го усовршува во Њујорк, кај познатиот професор по пеење Вилијам Реј, кој го подучувал и Лучијано Павароти.

Македонецот со ангелски глас во 2004 година беше именуван за регионален амбасадор на добра волја на UNICEF. Исто така, добитник е и на Хуманитарната награда Мајка Тереза.

Во текот на својата кариера Тоше сними десет албуми, а последниот на кој работеше беше „Игри без граници“. После неговата смрт беа објавени уште три албуми со негови песни.

Засекогаш ќе остане во срцата на македонската и балканската публика. 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Музика

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more

Бијонсе разголена за новиот албум

Read more

Како Фахрета Јахиќ стана Лепа Брена?

Read more

Северина: Секоја средба со Македонија остава длабока трага во моето срце

Read more
 

Сцена

Шестиот дел од култниот Pirates of the Caribbean ќе се снима без Џони Деп

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за серијата The Penguin – Колин Фарел каков што не сме го виделе досега

Читај повеќе
  • play_arrow

Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Читај повеќе
  • play_arrow

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Читај повеќе
  • play_arrow

Лошите момчиња се вратија: Прв трејлер за Bad Boys 4

Читај повеќе

Ен Хатавеј смета дека освојувањето Оскар негативно ѝ влијаело на кариерата

Читај повеќе

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Почина Мирко Попов

Читај повеќе