Александар Македонски, или Александар Велики како што го нарекувале неговите војници, секогаш е инспирација за истражување.

Војсководецот кој одбележа еден период од историјата е роден во 356 година п.н.е. Различни извори наведуваат различни датуми, но најчесто се споменуваат 20 или 21, како датуми кога дошол на овој свет - кој потоа со години го освојувал.
Инспиративен како за историски истражувања така и за народни приказни, за Александар Македонски, неговиот живот и начинот на кој ги инспирирал луѓето во неговото време, но и од подоцнежните времиња, секогаш може да се прочитаат бројни интересни факти.
Еве неколку кои можеби досега не сте ги знаеле:
1. Александар Македонски успеал да го освои поголемиот дел од дотогаш познатиот свет, а во исто време бил крал на Македонија, египетски фараон, крал на Персија и крал на Азија.
2. Гај Јулиј Цезар, Маркo Антониј и Октавијан Август, секој во своја возраст, учествувале во аџилак на местото во Александрија, кое тогаш се сметало за негово погребно место.
Иако таму има импозантен саркофаг, кој многу луѓе доаѓаат да го посетат, вистинското место каде е погребан војсководецот е сè уште тема на спор меѓу историчарите и археолозите.
3. Тој се смета за основач на најмалку 70 градови, од кои 20 биле именувани по него, а еден дури и по неговиот коњ, Букефал.
Александрија Букефалова или Букефалија е основана во мај 326 година п.н.е., на местото на познатата битка кај Хидасп, непосредно по смртта на Букефал. Се верува дека неговата локација е недалеку од градот Џелам во денешен Пакистан.

4. Редовно ја миел косата во раствор од растението шафран, со цел да ги задржи сјајот и русата боја што ги имал.
5. За време на неговото владеење не бил обожуван од народот како по неговата смрт. Многумина дури го сметале за тиранин, кој згора на тоа бил и пијаница.
6. Откако извојувал победа над Персија на Дариј, започнал да се облекува како Персиец, а историјата вели дека зел и две Персијки за свои жени.
7. Научниците кои го истражувале неговиот живот дошле до заклучок дека имал хетерохромија, односно дека едното око му било кафеаво, а другото сино.
8. Прекарот Велики го заработил од своите војници - кои, за разлика од народот, му се восхитувале и го сметале за невиден командант и водач.

9. Во една прилика, Александар наредил да се одржи натпревар во алкохол меѓу неговите војници. Оваа ситуација може да се опише со популарната изрека: „Кој ќе преживее, ќе зборува“, имајќи предвид дека 42 војници починале од труење со алкохол.
10. Од шесте синови на Фидел Кастро, дури тројца ги именувал по Александар Велики: Алексис, Алехандро и Александер.