10 интересни факти за древниот Египет

Сè уште ги откриваме тајните на една од најнапредните цивилизации пред нашата ера.

Речиси секој ден египтолозите нѐ изненадуваат со некое ново откритие или теорија за животот во древниот Египет.

Иако поминаа милениуми од времето кога Тутанкамон, Клеопатра и Нефертити чекореле по Земјата, сè уште сме фасцинирани од пирамидите, саркофазите, античките порти и древната египетска митологија. Како изгледал животот на овие луѓе? Кој ги лекувал, како се разубавувале, дали навистина изгледале онака како што се претставени на ѕидовите на пирамидите?

Клеопатра

Покрај Тутанкамон, една од првите асоцијации со древниот Египет е Клеопатра VII. Меѓутоа, оваа владетелка, иако била родена во Александрија, потекнува од долгата низа Македонци кои потекнуваат од Птоломеј I, еден од најверните поручници на Александар Македонски. Оваа династија владеела со Египет од 323 до 30 година п.н.е. и повеќето нејзини владетели ја задржале негуваната хеленска култура. Всушност, Клеопатра била позната како една од првите членови на оваа династија која зборувала египетски.

Најстар мировен договор

Повеќе од два века Египќаните се бореле против Хетитското Царство поради парче земја кое денес се наоѓа во Сирија. Овој крвав конфликт траел долго, а ниедна страна не излегла како јасен победник. Но, и Египќаните и Хетитите се соочиле и со закани од други народи, така што тогашните владетели Рамзес II и Хатусили II постигнале мировен договор. Ова го завршило конфликтот и значело дека двете кралства ќе си помагаат меѓусебно во случај на инвазија на трета страна. Договорот меѓу Египќаните и Хетитите денес е признат како еден од најстарите мировни договори, а копија од него може да се види над влезот на комората на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк.

Друштвени игри

После долгиот и напорен ден покрај Нил, Египќаните се опуштале играјќи друштвени игри. Неколку различни игри биле популарни во тоа време, вклучувајќи ги Мехен и Кучиња и чакали. Сепак, најпопуларна од сите била играта на среќа позната како Сенет. Ваквата забава датира од 3500 година п.н.е. и се практикувала на долг чамец на чиј под биле исцртани 30 квадрати. Секој играч имал низа фигури кои се движеле во согласност со бројот прикажан на коцките или техниката на фрлање стапови. Историчарите сè уште дебатираат за точните правила на оваа игра, но нема сомнеж дека таа била многу позната и популарна. На плочите во нивните гробници биле пронајдени цртежи на кои се прикажани познати египетски владетели како ја играат оваа игра.

Права на жените

Иако се сметале за инфериорни во општеството, древните Египќанки имале правна и финансиска независност. Можеле да купуваат и продаваат имот, биле членови на пороти, оставале тестаменти и склучувале правни договори. Старите Египќанки не работеле надвор од домот, но биле подеднакво платени за нивните работни места како мажите. За разлика од жените во древна Хелада, кои биле сопственост на нивните сопрузи, египетските припаднички на понежниот пол имале дури и право да се разведат и повторно да се венчаат. Египетските парови исто така би можеле да потпишат документ сличен на предбрачен договор. Таквите договори би содржеле попис на имотот што жената го внесувала во брачната заедница и би гарантирале компензација во случај на развод.

Работнички права

Иако сметале дека фараонот е некаква инкарнација на божество, египетските работници биле доволно слободни да протестираат доколку не биле задоволни од работните услови. Најпознат пример е штрајкот на работниците во XII век п.н.е. за време на владеењето на фараонот Рамзес III, кога работниците ангажирани во изградбата на една некропола не ја добивале својата вообичаена плата во жито. Работниците едноставно влегле во некрополата и храмовите и одбивале да ги напуштат овие објекти додека не го добијат својот дел. Ова е еден од првите забележани штрајкови во историјата.

Дебелина

Египетските владетели често се прикажани со тесни статуи, но најверојатно тоа не било така. Староегипетската исхрана претежно се состоела од пиво, вино, леб и мед, а истражувањата покажуваат дека тоа се одразувало и на струкот. Истражувањата на мумиите покажуваат дека многу египетски владетели биле дебели, а некои од нив дури и страдале од дијабетес. Добар пример е саркофагот на кралицата Хатшепсут, која живеела во XVI век п.н.е., кој ја прикажува како витка и атлетски градена личност, додека историчарите тврдат дека таа всушност била дебела.

Тутанкамон

Малку се знае за животот на овој фараон кој починал пред да наполни 20 години, а некои историчари тврдат дека тој починал на многу необичен начин. Скенирањето на телото на овој владетел покажува дека тој бил балсамиран без срце или граден кош. Ова драстично отстапување од традиционалната египетска практика сугерира дека тој можеби претрпел ужасни повреди пред неговата смрт. Според многу египтолози, една од можните причини може да биде гризнување од нилски коњ. Доказ за тоа се статуите пронајдени во гробницата на Тутанкамон на кои се гледа како тој фрла харпун. Ако ова момче навистина сакало толку опасен спорт, тогаш неговата смрт може да била резултат на неуспешен лов.

Медицина

Древните лекари обично лекувале речиси сè, но египетските лекари понекогаш се фокусирале на лекување само на еден дел од човечкото тело. Оваа рана форма на медицинска специјализација за прв пат била забележана во 450 п.н.е., кога Херодот го забележал овој чуден феномен. Овие експерти имале, како и денес, различни имиња. Стоматолозите биле познати како доктори за заби, додека терминот проктолог буквално значи „чувар на анусот“.

Животни

Во древниот Египет животните се сметале за инкарнација на боговите, така што ова е една од првите цивилизации кои имале домашни миленици. Тие обожавале мачки, за кои се сметало дека имаат врска со богот Бастет, но обожавале и соколи, кучиња, лавови и павијани. Многу од овие животни имале посебно место во древниот египетски дом, а некои дури биле мумифицирани и закопани заедно со нивните сопственици. И животните биле помошници, па египетската полиција често користела кучиња, па дури и тренирала мајмуни.

Шминка

И двата пола носеле голема количина на шминка, за која верувале дека им ја дава заштитата  на боговите Хорус и Ра. Козметиката се правела со мелење минерали, а додатоците биле направени од дрво, коски и слонова коска. Жените ги бојадисувале и образите во црвена боја, а со кана ги разубавувале рацете и ноктите. И двата пола применувале парфеми со цимет, масло и смола. Египќаните верувале дека составот на нивната козметика има магична и исцелителна моќ и не погрешиле целосно - истражувањето покажало дека козметиката на база на олово што ја носат жителите покрај Нил спречува инфекции на очите.

реклама

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе