ГО СМЕТАЛЕ ЗА ДАР ОД БОГОВИТЕ

10 интересни факти за сексот кај древните Римјани

Многу аспекти од нашиот социјален живот потекнуваат директно од Рим, меѓутоа постојат и некои многу различни, како на пример погледите за сексот. Затоа некои од нив во модерното општество предизвикуваат неверување.

Како и ние денес, така и Римјаните имале некои свои правила поврзани со сексот. Античкиот историчар Ливиј наведува дека уште од основањето на Рим сексот станал многу важен и нераскинлив дел од политичкиот живот и дека често бил поврзуван со развојот на самата држава. Како пример, бројни историчари го наведуваат Грабнувањето на Сабинките (познато и како Силувањето на Сабинките) - кога митскиот основач Ромул наводно поради недоволниот број на жени и невести решил да ги измами своите соседи и да ги грабне нивните ќерки.

Поради тоа не е чудно што сексот уште од 753 година п.н.е. имал важна улога во секојдневниот живот на римските граѓани, меѓутоа многу од правилата кои тие ги имале и почитувале денес предизвикуваат неверица и чудење.

1. Поради сексот се уништувале кариери

Иако римското општество имало, како и сите, низа правила за сексот, приватно многумина не ги почитувале. Меѓутоа, проблем воглавно не претставувало тоа дали некој ќе направи престап, туку стравувале дали за тоа ќе се дознае или дали може некој да го докаже. Обвинувањето на слободен човек во врска со некои од правилата поврзани за секс можело да уништи кариера и на еден сенатор. Општествениот статус бил сѐ во Рим и вредноста на зборот била пропорционално важна со личноста која зборува. Така, маж или жена од висок статус можеле да им се препуштат на своите задоволства, но морале да внимаваат тој чиј збор бил сфаќан сериозно да не дознае за тоа.

2. Не постоел концепт на хомо, хетеро или бисексуалност

Сите етикети кои денес ги применуваме за да укажеме на некој избор и сексуална ориентација на Римјаните не би им имале смисла. Во нивното општество сексот бил секс, а мажите можеле да имаат односи со припадници на ист или спротивен пол и никој поради тоа не ги критикувал сѐ додека другата личност имала понизок општествен статус - како слуга или роб, но и слободните луѓе кои имале статус на странец. Мажените жени од висок статус морале да водат рачун за својата чест, но слободните жени или оние кои доаѓале од други земји можеле да си припуштат разни сексуални слободи - бидејќи Римјаните нив  не ги сметале за полноправни членови на нивното општество.

3. За мажите невиноста била неприфатлива

Уште во тинејџерските години римските мажи биле поттикнувани да посетуваат јавни куќи или да имаат односи со слуги и робови. Бидејќи се сметало дека мажот мора да биде госпоодар, на негова невиност како повозрасен не се гледало позитивно, додека кај жените - кај оние од високите класи - постоело правило дека до бракот морале да останат девици поради морални причини како тоа да телесното запознавање со друг маж не би ги навекло на прељуба.

4. Мажот не смеел да биде пасивен

Мажите можеле да имаат секс со кој и да посакале, но секогаш морале да боидат доминантна страна. Да се има секс со други мажи и да се биде во подредена положба било тотално спротивно од римските идеали - кои многу политичари би можело да ги чини кариера. Меѓутоа, постоело и полошо обвинување за слободниот маж во Рим од хомосексуални односи во подредена положба, а тоа бил орален секс со жена - дури и ако се работело за неговата сопруга. Причината за ова лежи во фактот што за Римјаните устата била инструмент за политика, трговија и сите важни активности, па „валкањето“ било еднакво на презирање на нејзиното значење за заедницата.

5. Робови за разонода

Бидејќи според нивните закони робот бил сопственост со која господарот можел да прави како што сметал дека е правилно, тие често биле користени и за секс. Во овој случај најважно било да се почитува општестената хиерархија - господарите на никој начин не смееле на робовите да им причинуваат задоволство туку тоа смееле да го прават исклучиво робовите. Строги правила биле во сила за жените, но и тое можеле да располагаат со своите робови за сексуални услуги.

6. Рестораните за брза храна нуделе и услуги од келнерките

Римските ресторани за „брза храна“ и кафани не нуделе само храна и пиење, туку и сексуални услуги од своите келнерки. Според тоа, ова било едно од занимањата кои се сметале за „недостојни“ и воглавно ги работеле жени со многу низок статус. Забележани се и случаи кога газдите на рестораните ги нуделе и своите ќерки и на тој начлин ги „осудувале“ на низок општествен статус.

7. жените кои нуделе сексуални услуги биле препознатливи

Обичните проститутки се наоѓале на дното на општествената скала, поради што секој „угледен“ член на општеството избегавал да биде виден во нивно друштво. Поради тоа, правило било тие да мораат да бидат лесно препознатливи - најочигледен начин бил фарбање на косата со плава или портокалова боја. Тие исто така можеле да бидат препознаени и по облеката, бидејќи носеле едноставна и лесна облека која им ги нагласувала облините.

8. Сексуалните услуги не биле скапи

Давањето сексуални услуги во Рим во некои случаи чинело како и чаша лошо вино, а оваа тарифа воглавно била популарна во најлошите јавни куќи и ресторани за брза храна. Објаснувањето лежи во фактот што ваквите места ги посетувале само најниските членови на општеството, кои во своите домови немале кујни па по напорниот ден оделе на споменатите места за „брза храна“, каде воглавно и услугите ги пружале робинки кои немале шанси да напредуваат во општеството.

Тотално поинакви биле проститутките слични на грчките хетајри - образовани и богати жени кои пружале не само сексуални услуги, туки и пријатно друштво. Меѓутоа, колку и да уживале одредена почит и за своите услуги наплатувале поскапо, тие во римското општество сепак биле недостојни и неспоредливи со „правите“ жени.

9. Експлицитни сцени на уметнички дела било знак за добар вкус

Затоа не нѐ чуди што при ископувањата се пронајдени бројни мозаици и предмети од керамика со тема секс, со други зборови, она што денес би се нарекло порнографија Римјаните просто го обожавале и радо го прифаќале - до таа мера што го користеле како мотив за лични предмети, како огледала. Тоа е затоа што сексот се сметал за дар од богињата на љубовта и како таков на него не требало да се гледа со неодобрување. Тоа можеби изгледа контрадикторно со оглед на тоа колку ѝ придавале значење на скромноста, но во пракса функционирало поинаку - било слободно да се ужива во задоволствата со кои Венера ги наградила смртниците, сѐ додека тоа се правело во склад со она што се сметало за општествено исправно.

10. Денес тоа го нарекуваме педофилија

Сексуален однос со малолетници кај Римјаните не бил повод за скандал, напротив - разликата во години била знак на доминација. Обичајот да се стапува во однос со девојчиња и момчиња кои штотуку влегле во пубертет не бил невообичаен меѓу богатите Римјани и нивните робови.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Читај повеќе