10 јули 1856, роден бил Никола Тесла
На денешен ден, во 1856 година е роден Никола Тесла, познат научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката. Роден е во Смилјан, село во Хрватска, од српски родители. Подоцна добил американско државјанство.
Најмногу е познат по револуционерните откритија во областа на електромагнетизмот. Важи за еден од најголемите и најпочитувани светски научници. Починал во Њујорк, на 7 јануари 1943 година.