10 јули 1962, сателитот Telstar започнал ТВ пренос во живо од Европа во Америка
Лансиран од Кејп Канаверал на Флорида, прикачен на ракетата Thor-Delta, сателитот Telstar успешно емитувал телевизија, телефонски повици и телеграфски слики поврзувајќи го светот.
Telstar го направил и првото трансатлантско телевизиско емитување во живо од Европа во Северна Америка. Бил дело на американската AT&T корпорација во соработка со Bell Telephone Laboratories (САД), GPO (Обединето Кралство), National PTT (Франција) и НАСА.
Сателитот бил со сферична форма, долг 876,30 сантиметри, а тежел 77 килограми. Големината била ограничена за да може да се стави на ракетата на НАСА.
Седум дена по лансирањето холандските фудбалски клубови од гратчето Велсен-Зуид, Стормвохелс и ВСВ, поради финансиски причини се фузирале, а во чест на сателитот новиот клуб го нарекле Телстар, кој постои до ден денес.
До денес вкупно се направени 24 Telstar сателити, а лансирани биле 23. Telstar 9 не бил искористен, додека последниот е Telstar 19V лансиран на 22 јули 2018.
Првиот и вториот Telstar до ден денес орбитираат околу Земјата, но се вон функција. Всушност, првиот работел само 7 месеци.