10 јуни 1916, Арапите ја освоиле Мека од Османлиите
Арапското востание кренато само два дена претходно веднаш дало резултати откако Арапите ги победиле и избркале Османлиите од светиот град Мека.
Востанието, на чие чело бил Хусеин ибн Али ал-Хашими, било организирано од страна на арапското население во Отоманското Царство со цел да се создаде една единствена арапска држава.
Со помош на Обединетото Кралство и Франција, арапските бунтовници постигнале голем успех кога ја победиле османлиска војска во Мека и го освоиле градот каде всушност бил роден и командантот Али. Над 5 илјади Арапи се нафрлиле на околу илјада Османлии кои го чувале градот и лесно ги совладале.
Во Арапското востание, како дел од Првата светска војна, се бореле и братански и египетски војници, како и познатиот Лоренс од Арабија чии тактики им помогнале на Арапите да се ослободат од османлиското ропство.