10 март 241 п.н.е., Римјаните jа добиле Првата пунска војна против Картагина
Со победата во поморската битка кај Егатските Острови, Римската Република излегла како победник во Првата пунска војна против Картагинците.
Големата битка се одвивала измеѓу Егатските Острови крај западниот брег на Сицилија. Хано ги предводел Картагинците, додека Гај Лутациј Катул и Квинт Валериј Фалтон ги предводеле Римјаните. Рим имал околу 200 воени бродови, 50-ина помалку од Картагинците. Исходот бил следниов: 30 потопени римски и 50 потопени картагински бродови, 50 римски оштетени, а 70 картагински заробени заедно со 10 илјади војници.
По 23-годишно војување оваа битка ставила крај на Првата пунска војна, а Картагина морала на Рим да му го отстапи островот Сицилија и да плати огромни репарации. По враќањето во Картагина, Хано бил егзекутиран како казна за поразот.