10 мистерии за Бермудскиот триаголник кои никој не може да ги објасни

Бермудскиот триаголник е една од најголемите мистерии на модерното време.

Се нарекува и Ѓаволски триаголник, а се наоѓа во северниот дел на Атлантскиот Океан, помеѓу Бермудите, Флорида и Порторико.

1. Најмалку илјадници животи се изгубени во Бермудскиот триаголник во последните сто години. Во просек, четири авиони и дваесет бродови секоја година исчезнуваат во областа на која името ѝ го дал Винсент Гадис во една статија од 1964 година.

2. За исчезнувањето на летала и бродови се обвинуваат напади од вонземски суштества или присуството на изгубената Атлантида на дното на морето, како и гасот метан. Сепак, многумина веруваат дека мистериозните исчезнувања се производ на вител создаден со мешање на топли и ладни океански струи во областа.

3. Првиот човек кој го запишал постоењето на Бермудскиот триаголник бил Кристофер Колумбо. Во својот дневник на 8 октомври 1492 година, тој напишал дека бродскиот компас престанал да работи во областа, а три дена подоцна забележал огнена топка на небото.

4. Бермудскиот триаголник зафаќа површина од 1.140 квадратни километри во северниот дел на Атлантскиот Океан помеѓу Бермудите, Флорида и Порторико. Сепак, неговите граници не се фиксни, па необични настани се случуваат надвор од овие граници.

5. Внатре во Бермудскиот триаголник, односно на островот Андрос, американската влада го формираше подморскиот центар за тестирање и евалуација на Атлантикот, каде што американската морнарица ги тестира своите подморници, сонари и оружје. Многу теоретичари на заговор веруваат дека тоа е всушност Поморската област 51.

6. Во Бермудскиот триаголник луѓе доживеале т.н. електронска магла. Пилотот Брус Гернон тврди дека изгубил 28 минути патувајќи низ областа. Авионот исчезна од радарот и се појави во Мајами околу половина час подоцна.7. Едно од најпознатите исчезнувања на авиони во историјата на Бермудскиот триаголник се случило во 1945 година. Пет торпедо-бомбардери на американската армија Avenger со екипаж од 14 лица полетаа од Форт Лодердејл, Флорида до островот Бимини. 90 минути по полетувањето, операторите добиле сигнал дека компасот на авионот не работи. После тоа, целата комуникација е изгубена. Авионот никогаш не бил пронајден, а не биле ниту трите авиони кои тргнале во спасувачка мисија.

8. Познато е дека компасите го покажуваат магнетниот, а не вистинскиот географски север на Земјата. Но, Бермудскиот триаголник е едно од ретките места каде што ситуацијата е обратна, што создава конфузија за многу бродови и авиони во областа.

9. Една од најголемите трагедии во областа се случи во март 1918 година, кога исчезна 165 метри долгиот товарен брод USS Cyclops, кој превезуваше 306 членови на екипажот и десет илјади тони манган. Бродот потонал некаде помеѓу Барбадос и заливот Чесапик, а остатоците никогаш не биле пронајдени. Истата судбина ги снајде и два сестрински брода кои поминаа слична рута во 1941 година.

10. Бермудскиот триаголник не е единствен во необјаснетите исчезнувања на бродови и авиони. Во Тихиот Океан, во близина на брегот на Јапонија, се наоѓа Змејскиот триаголник (познат и како Ѓаволско Море), во кој исчезнаа околу 700 морнари во текот на две години во 50-тите, а областа беше прогласена за воена зона.

Remote video URL
реклама

Чистка во Грција: Панично се собираат чадори и маси од плажите

Read more

Убиен 31-годишен припадник на АРМ по приватна расправија

Read more

Земјотрес во Скопје

Read more

По 14 години изградба Путин го отвори автопатот меѓу Москва и Санкт Петербург

Read more

Чек дис аут

Каде во светот жените имаат најбујни гради?

Read more

Која Џорџа Мелони си денес?

Read more

Иранска реклама од 70-тите

Read more

Неколку совети за безбедност ако одите во Барселона

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Што ви се случува во телото кога вежбате?

Читај повеќе

Зошто има сè поголем број случаи на рак на пенис низ светот?

Читај повеќе

6 лоши навики поради кои предвреме стареете

Читај повеќе

Кои се највалканите места што ги допираме секој ден?

Читај повеќе

Хороскопски знаци кои без проблем забиваат нож в грб

Читај повеќе

Диета на руските балерини: За 7 дена се слабее до 5 килограми

Читај повеќе
  • filter

На кои плажи во Грција е најтопло морето?

Читај повеќе

Фармацевт објасни кои лекови никогаш не треба да се земаат заедно

Читај повеќе

Марокански деликатес: Зачинети јајца со леблебии и чери домати

Читај повеќе