10 најпрометни аеродроми во регионот за 2017, македонските на петто место

Белградскиот аеродром „Никола Тесла“ во 2017 година беше убедлив лидер во регионот по број на патници, а со рекордна година може да се пофали и аеродромот „Фрањо Туѓман“ во Загреб.

Во изминатава година имаше зголемување на бројот на авионски летови во регионот и проширување на капацитетите на аеродромите, а на листата 10 најпрометни, само два не успеаја да ја достигнат „магичната бројка“ од над 1 милион услужени патници: аеродромите во Подгорица и Сараево.

Сепак, со 957.971 патник во 2017 година, Меѓународниот аеродром Сараево имаше најуспешна година во својата историја. Шест нови авиокомпании почнаа да летаат од Сараево минатата година, а во план е и значително проширување на аеродромските капацитети, пред сѐ изградба на модерен терминал и придружни згради.

Скопскиот аеродром „Александар Велики“ во изминативе години имаше најјака стапка на раст во регионот. Доброто работење на главниот аеродром кај нас продолжи и во 2017 година. Скопскиот и охридскиот аеродром заедно услужија 2.027.344 патници во 2017 година, што е за 13% повеќе отколку во 2016 година.

Топ 10 најпрометни аеродроми во регионот по број на патници за 2017 година се:

1. Белград 5,34 милиони патници

2. Загреб 3,09 милиони патници

3. Сплит 2,82 милиони патници

4. Дубровник 2,32  милиони патници

5. Скопје и Охрид 2,03 милиони патници

6. Приштина 1,89 милиони патници

7. Љубљана 1,68 милиони патници

8. Тиват 1,11 милиони патници

9. Подгорица 986.717 патници

10. Сараево 957.971 патник.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more

Вучиќ: Србија може да го напушти Советот на Европа откако беше примено Косово

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе