10 помалку познати факти од светската историја

МИА / КАЈГАНА
/ 06.10.2021 / 14:26

Светската историја е полна со помалку познати „споредни“ случки и настани коишто можеби не нашле свое место во општото познавање и знаење на луѓето, но вреди да се проследат… Следат неколку такви занимливости.

1. Синот на Абрахам Линколн – Роберт Тод Линколн „ја имал среќата“ да биде сведок на три атентати врз државни претседатели на САД. Имено, во 1865 година тој бил сведок на смртта на татко си, застрелан од конфедеративецот Џон Вилкс Бут, во театарот „Форд“ во Вашингтон. А, во 1881 година, на покана на шефот на државата, Џејмс Гарфилд, момчето присуствувало на настан на Републиканската партија… Токму тогаш, атентаторот Шарл Гито смртоносно го застрелал Гарфилд. Во 1901 година, Роберт бил само на неколку метри од местото каде што Леон Чолгош го убил претседателот Вилијам МекКинли, кај Храмот на музиката во Бафало, во американската сојузна држава Њујорк.

2. Жан Тјирел, Французин роден 1698, а починал 1807 година, во Француската армија служел воена должност цели 75 години и 4 месеци. Ова е најдолгата забележана воена служба во која било национална историја.

3. Во 1989 година, веќе распаднатиот Советски Сојуз бил очаен за Pepsi… Така,, властите склучиле договор со американската компанија. Според тоа, Американците добиле 17 подморници и неколку стари воени бродови (коишто Pepsi ги продал како отпад), а СССР и Русија добиле двојно повеќе Pepsi фабрики. Ова всушност би значело дека во тој миг Pepsi технички ја имал шестата најголема морнарица во светот! Иако, некои од пловилата веројатно не биле употребливи.

4. Првите старогрчки Олимписки игри од 776 година п.н.е. не се одржале кај планината Олимп, спротивно од уверувањето кое преовладува. Првата Олимпијада, и оние потоа, се именувани според градот Олимпија во областа Елида, на западен Пелопонез. Според историчарот Диодор од Сицилија, кон крајот на 5. век п.н.е., македонскиот владетел Архелај го модернизирал светиот град Дион и тука, на северните падини на Олимп, започнала традицијата на паралелните, македонски Олимписки игри во чест на богот на виното - Дион, кого Македонците многу го почитувале.

Остатоци од градот Дион

5. На 23 јануари 1795 година, француска коњичка единица успеала да зароби 14 холандски бродови и 850 пиштоли, откако ја нападнале флотата на замрзнато море. Веројатно никогаш претходно и потоа, коњаница не заробила толку бродови. А, се чини и звучи прилично епски.

6. Во 1373 година, Португалија и Англија потпишале договор за сојуз и меѓусебна помош, заштита и соработка. Ова е најстариот договор во светот што сѐ уште е во сила.

7. Старогрчките и римските статуи не биле бели, како што многумина веруваат. Тие биле насликани со многу различни и живописни бои, но за жал, бојата исчезнала пред забот на времето, така што скоро и да немаме поим како точно изгледала секоја статуа во антиката.

Римска статуа и нејзина обоена реплика

8. Вториот и третиот американски претседател – Џон Адамс и Томас Џеферсон починале на ист ден – 4 јули 1826 година, односно на 50-годишнината од Денот на независноста на САД.

На смртната постела, знаејќи дека е пред умирање, Адамс рекол „Барем Томас е жив“ – за жал не знаејќи дека Џеферсон починал само неколку часа претходно.

9. Харалд Хардроде, кралот на Норвешка од 1046-1066 година, бил дел и од Варангиската гарда – елитна војска на Византија, како сојузник, меѓу другото, и против Киевски Рус.

10. Во јуни 1903, кусо по Солунските атентати, како што пренесува тогашен The Lancashire Evening Post – Македонецот се заканува со биолошко оружје – со чума…

„Ако Големите сили не можат да гарантираат спроведување на Берлинскиот договор, ние ќе умреме. Но, нема да умреме сами“, весникот ги пренесува зборовите на македонските револуционери.

За среќа, не е забележан напад со биолошко оружје, но веќе во август таа 1903 година, се случило Илинденското востание.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Вести

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Read more

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Read more

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Read more
 

Гик

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на кориснициte

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе
  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе