10 прашања што откриваат каков е навистина вашиот сексуален живот

Дали знаевте дека само една третина од луѓето во светот се задоволни од својот сексуален живот?

Сексуално најактивни сме во дваесеттите и триесеттите години, но експертите нагласуваат дека тоа е така затоа што немаме премногу грижи и проблеми, а опуштената личност е и сексуално задоволна личност.

Подолу можете да одговорите на десет прашања за сексот и да дознаете каков е навистина вашиот сексуален живот. Откако ќе ги соберете одговорите, ќе дознаете дали ви треба „голем ремонт“.

1. Колку често размислувате за секс?

а) Еднаш месечно

б) Еднаш неделно

в) Секој ден

2. Колку ви е важен сексот во врската?

а) Има многу поважни работи од сексот

б) Важен е, но можам без него

в) Сексот ми е исто толку важен како љубовта, довербата и толеранцијата

3. Дали ви пречи кога партнерот/партнерката гледа порнографски содржини?

а) Да, го сметам за еден вид неверство

б) Не ми е гајле

в) Не, напротив, ми се допаѓа што си ги развива фантазиите, тоа е добро за нашата врска

4. Во каква средина најчесто водите љубов?

а) Во целосна темнина

б) Со пригушена светлина, тоа е романтично

в) Не ми е важно, водиме љубов каде и да ни се укаже прилика

5. Колку често зборувате за секс?

а) Ретко, нема многу да се зборува

б) Повремено, ако забележиме дека долго време не сме воделе љубов

в) Често зборуваме за секс, имаме интерни шеги кои знаат да бидат откачени

6. Како се чувствувате после секс со партнерот?

а) Како да ја исполнив мојата должност

б) Задоволно, среќно

в) Опуштено, среќно, сакам да се гушкам, бакнувам и галам

7. Колку често водите љубов со партнерот/партнерката?

а) Еднаш во два или три месеци

б) Еднаш месечно

в) Еднаш неделно

8. Дали партнерот/партнерката знае за вашите фантазии?

а) Немам фантазии

б) Знае, но сè уште не ги остварил/а

в) Да, суштината на сексот е исполнување на меѓусебните фантазии и развивање на сексуалноста

9. Дали партнерот/партнерката сè уште ве привлекува како првиот ден?

а) Да, но повеќе не се чувствувам добро во своја кожа

б) Годините си го направија своето, но сега сме позрели и посекси

в) Да, се разбира! Се трудиме да останеме привлечни еден за друг и да работиме на себе

10. Што е добар секс за вас?

а) Почитување на границите

б) Заемно задоволство

в) Вонземско искуство

РЕЗУЛТАТИ

Најмногу одговори под а)

Ако одговоривте на повеќето прашања под а), тоа значи дека итно ви треба „преобразба“ за вашиот сексуален живот. Заборавивте која е суштината на сексуалните активности и колку е важен сексот за успешна, прогресивна и квалитетна врска. Освен што има бројни психофизички придобивки, сексот служи како врска што ве поврзува на подлабоко ниво. Сексуалните активности со саканата личност ја зголемуваат вашата самодоверба, а токму тоа ви треба.

Најмногу одговори под б)

Свесни сте за важноста на сексуалните активности во бракот и долготрајната врска, но животот го стави сексот на самото дно на листата на приоритети. Не сте целосно задоволни со себе, а вашиот партнер го чувствува тоа. Иако сте сексуално суштество кое зрачеше со експлозивна енергија во младоста, ја заборавивте својата хумористична страна. Разговарајте со партнерот и потсетете се колку се сакате еден со друг.

Најмногу одговори под в)

Вашата сексуална интелигенција е на завидно ниво. Свесни сте за своите квалитети, уживате во сопствената кожа и гледате на партнерот со исти очи како на самиот почеток на вашата љубовна авантура. Сексот ви е исклучително важен и без него не би можеле да изградите романтична врска. Најдовте личност која дели слична сексуална енергија како вас, па затоа ви е загарантиран среќен брак полн со нежност. Само продолжете така.

реклама

Пет автомобили кои нема да ја дочекаат 2024 година

Read more

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

Јужна Америка пред ескалација: Мадуро потпишува закони за анексија на делови од Гвајана

Read more

Љубов и секс

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

5 хороскопски парови кои ќе се заљубат во 2024 година

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе