10 работи што не сте ги знаеле за Фреди Меркјури

Веројатно нема кој не слушнал за славниот фронтмен на легендарната група „Queen“, но дали сте ги знаеле овие 10 интересни факти за него?

Малку музичари оставиле толкав белег на уметноста, културата и публиката како Фреди Меркјури. Иако остана запаметен по екстравагантноста на сцената, не се знаеше многу за неговиот приватен живот.

Еве неколку интересни факти за кои можеби не сте знаеле, како што докажа науката, најдобриот пејач на сите времиња:

1. Роден е како Фарох Булсара

Фарох Булсара почнал да се претставува како Фреди додека бил во британскиот интернат за момчиња „Свети Петар“ во Мумбај. Официјално го променил своето име во Фреди Меркјури околу 1970 година, кога била формирана групата „Queen“.

2. Роден е во Занзибар

Меркјури е роден во Стоун Таун, стариот дел на градот Занзибар Сити во автономниот регион Занзибар во денешна Танзанија. Неговото семејство се преселило таму за да може неговиот татко да ја продолжи кариерата во Британската колонијална канцеларија. Пораснал помеѓу Занзибар и Индија пред да се пресели во Мидлсекс, Англија, кога бил тинејџер.

3. Тој и неговото семејство практикувале зороастризам

Меркјури и неговото семејство биле етнички Парси и практикувале зороастризам, една од најстарите монотеистички религии во светот. Иако со години не го практикувал, неговиот погреб го извршил зороастриски свештеник.

4. Имал гласовен опсег од 4 октави

Додека зборувал бил во баритонски опсег, но поголемиот дел од пеењето му било во тенор. Во 2016 година, тим од научници одлучи да го проучува гласот на Меркјури. Меѓу многуте заклучоци до кои дојдоа е и дека гласните жици на Фреди вибрирале побрзо од оние на просечниот човек. Исто така, група австриски, чешки и шведски научници спроведоа студија, објавена во Logopedics Phoniatrics Vocology и врз основа на која Фреди е најдобриот пејач на сите времиња.

5. Сам го дизајнирал грбот на „Queen“

Благодарение на неговата диплома за уметност и графички дизајн на колеџот за уметност Илинг, Фреди бил нешто повеќе од лицето на бендот - тој исто така го брендирал бендот. Грбот што го дизајнирал е составен од хороскопските знаци на целата група - два лава кои ги претставуваат Џон Дикон и Роџер Тејлор, рак што го претставува хороскопскиот знак на Брајан Меј и две самовили кои го претставуваат знакот на Фреди, Девица. Се разбира, буквата Q и круната го означуваат името на бендот, а фениксот е таму за да го штити целиот бенд.

6. Бил многу срамежлив

Иако е познат по својата живост и невоздржано однесување на сцената, луѓето кои лично го познавале Меркјури велат дека тој бил многу срамежлив во приватниот живот, што е една од причините поради која ретко давал интервјуа. „Во вистинскиот живот никој не го познаваше Фреди“, рече еднаш Роџер Тејлор. „Тој беше срамежлив, нежен и љубезен. Никогаш не беше оној Фреди од сцената“.

7. Откри дека има СИДА само еден ден пред да почине

Меркјури и неговиот менаџер издадоа соопштение во кое потврдија дека Меркјури има СИДА, еден ден пред неговата смрт. Веќе неколку години во јавноста се зборуваше за лошиот изглед на Фреди и ненадејниот недостаток на турнеи на бендот. Некои луѓе беа многу вознемирени од оваа одложена изјава, велејќи дека порана објава можела да предизвика прилив на огромни суми пари како средство за борба против болеста.

8. Обожувал мачки

Обожувал мачки и во еден момент имал дури 10 мачки. Имал дури и албум и песна („Mr. Bad Guy“) кои ги посветил на своите мачки. А песната „Delilah“ ја напишал песната за неговата омилена мачка.

9. Еден од неговите белези бил микрофон без долниот дел од држачот

Во раните фази на бендот, некаде на средината на еден настап, држачот за микрофон на Фреди се преполовил. Наместо да го замени, Меркјури го искористил каков што бил. Подоцна продолжил да користи таков држач за микрофон.

10. Работел како носач на багаж на аеродром

Пред да стане еден од најпопуларните пејачи во историјата на музиката, Меркјури имал нешто помалку гламурозна позиција - носач на багаж на аеродромот „Хитроу“. За да го прослават 72. роденден на Меркјури, неколку превозници на багаж на аеродромот „Хитроу“ на 5 септември 2018 година одвоија од своето време за да ги забавуваат патниците со кореографија од почит кон нивниот поранешен колега.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Музика

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more

Тејлор Свифт за прв пат на листата на милијардери на Forbes

Read more

Северина за настапот во Скопје: Ваков концерт не очекував

Read more

Папараците ја снимија Шакира со британскиот актер кој е ѕвезда на нејзиниот нов спот

Read more
 

Сцена

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Анистон изненади со изгледот на насловна: Како толку се подмлади?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скарлет Јохансон и Ченинг Тејтум ве носат на Месечината во филм за настанот од 1969

Читај повеќе

Зошто HBO се откажа од спин-оф серијата за Џон Сноу?

Читај повеќе
  • play_arrow

Стигна првиот тизер трејлер за новиот Joker, обожавателите поделени

Читај повеќе