10 знаци дека не е сериозно заинтересиран за врска

Врските не треба да се тешки, ни комплицирани. За нивно одржување треба да вложите труд, но треба да се мачите да дознаете дали воопшто сте во врска со некого или не.

Интензитетот и темпото и кај двајцата треба да биде горе-долу исто и ако немате исти очекувања од врската, тогаш, за жал, само си го губите времето и вложувате енергија на погрешно место.

Ако вие сакате сериозна врска, но тој не, вие само наоѓате изговори за неговото однесување, надевајќи се дека нешто ќе се смени, а всушност не сте му приоритет. Ако сака да биде со вас, вие нема воопшто да мора да се прашувате дали врската е сериозна или не.

Без разлика дали има квалитети кои ви се важни за еден партнер, ако тој не се чувствува исто како вас тогаш за жал, вашиот тајминг е погрешен.

Ова се 10 знаци дека тој не е сериозно заинтересиран за врска:

1. Никогаш не го договара следниот состанок. Ти си таа што пишува, се јавува, го менува распоредот за да се прилагоди на неговиот.

2. Се гледате најчесто за секс, кај него или кај тебе дома, не излегувате заедно во јавност. Кога тој иницира средба, претежно е за секс што не продолжува во долга вечер со разговор или други активности.

3. Те држи „на дофат“. Ти пишува кога му е здодевно, користи умилкувачки зборови, покажува моментален интерес за твојот живот, само колку да те држи наоколу кога ти му требаш. Одвреме-навреме прави некој „романтичен“ гест, а потоа го нема со денови или недели.

4. Игра топло-ладно. Поточно, недоследен е. Еднаш се однесува како да сте во врска, а потоа се дистанцира и те исклучува од комуникација. Ваквото играње топло-ладно се должи на неговата емотивна незрелост, односно тој ги зема предвид само своите потреби и чувства.

5. Не можеш да се потпреш на него. Откажува состаноци, дава ветувања што речиси никогаш не ги исполнува, иако првично со голем ентузијазам ги прифатил. Неговата непостојаност укажува дека тој не е подготвен да биде нечиј партнер.

6. Те држи „под стаклено ѕвоно“, односно те нема запознаено со неговите најблиски пријатели или семејството иако се забавувате веќе одредено време. Вашите средби се сведуваат на гледање на само, а кога излегувате заедно, не чувствува потреба да те запознава со луѓето кои ги сретнувате или барем не во својство на девојка.

7. Се забавувате некое време, но немате секс. Освен ако не станува збор за свесна и споделена одлука, дистанцирањето од тебе како сексуална партнерка укажува дека ти си му само добра другарка со која понекогаш се бакнува, но не гледа на тебе како на партнерка или со тебе се забавува додека не наиде „некоја подобра“.

8. Веќе се гледа со некоја друга. Уште полошо ако е во сериозна врска или брак. Ако не сте разговарале дека таа врска ќе заврши без разлика што ти си се појавила во неговиот живот или не, тој само игра на два терена. Дури и да ја раскинува врската, размислете дали е подготвен веднаш да влезе во подеднакво сериозна врска со вас.

9. Не се однесува добро со тебе. Ова не треба ни да го нагласуваме, но ако те омаловажува, не ги зема предвид твоите потреби и желби и ти си често метата на неговите фрустрации, не е прашање дали тој сака да биде со тебе, туку дали ти ќе дозволиш да го поминуваш животот со некој таков или ќе ја вложиш твојата енергија, време и чувства на некој кој те заслужува.

10. Не сака да разговара на темата. Ако се забавувате веќе некое време и вие експлицитно сте ја отвориле темата дали оваа врска е ексклузивна и сериозна, а тој ја одбегнува или кажува дека не сака да разговара за тоа, тогаш тој не е сигурен дали сака воопшто да биде во врска, со вас или со некоја друга.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Read more

Љубов и секс

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more

Како да го разгорите сексуалниот живот откако ќе станете родители?

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе