100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците во Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места

Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на психолози на Македонија и Црвениот крст, обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата, која ќе биде поинтензивна во општините каде голем број млади, во несреќата во Кочани, загубија браќа, сестри, другари и соученици, информираше денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

„Веднаш по трагичниот настан беа подготвени и испратени насоки до училиштата, наставниците и родителите за постапување во следниот период, односно за давање прва психолошка помош и психосоцијална поддршка. Насоките се достапни на сите пет јазици на кои се изведува наставата. Формирана е мрежа на 100 училишни психолози од Скопје, но и од други градови, кои ги насочуваме кон Кочани, Виница, Штип, Чешиново – Облешево и околните места, како поддршка на колегите во тамошните училишта, да работат со учениците, со нивните родители, наставниците и воопшто со граѓаните, а постапувајќи по посебен протокол подготвен за кризна интервенција“, рече Јаневска.

Досега 32 психолози ја минаа специјализираната обука, во која се вклучени Комората на психолози, Бирото за развој на образованието и УНИЦЕФ, и веќе обезбедуваат директна поддршка на терен. Преостанатите ќе се вклучат откако ќе ја поминат денешната обука.

На интернет страната на Министерството за образование и наука има листа со телефонски контакти на 40 психолози, членови на Комората на психолози на Македонија, кои се постојано достапни за разговор, односно за психолошко советување. На листата се наоѓаат и наменски телефонски линии за прва психолошка помош на Црвениот крст кои се во функција 24/7.

Помош може да се побара и во центрите на Црвениот крст во секое време, како и во Центарот за ментално здравје во Кочани каде има претставници на Универзитетска клиника за психијатрија.

Јаневска ги охрабри стручните лица кои сакаат да помогнат во ситуацијата да излезат во пресрет на потребите на учениците, на родителите и наставниците. Доколку им се потребни попрецизни насоки каде се најпотребни и како да делуваат, можат да се обратат до Министерството и до Комората на психолози.

За поддршка на студентите, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип е отворен центар за младинско советување.

Министерството за образование и наука, во рамки на надлежностите, и во следниот период ќе презема и координира активности кои можат да им бидат од помош на младите во справување со предизвиците, најавија од таму.

реклама

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Read more

На езерско дно пронајдени 1.000 совршено сочувани римски артефакти

Read more

21 април носи финансиски пресврт за три хороскопски знаци

Read more

Погледнете како кинеските AI хуманоидни роботи извршуваат производствени задачи

Read more

Македонија

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Read more

Променливо време со температури до 23°C

Read more

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Read more

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Иран: Трамп сака да биде полицаец на Ормутскиот Теснец

Читај повеќе

Уапсен водач на „балканскиот нарко картел“

Читај повеќе

Лавров: ЕУ сака Србија да биде тампон-зона против Русија

Читај повеќе

Дел од Центар денеска без вода, делови од Кисела Вода без струја

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C

Читај повеќе

По 7 месеци пауза Вардариште повторно гори, велат од Стоп за Вардариште

Читај повеќе

САД: Се приближуваме до договор за крај на војната со Иран

Читај повеќе

Украина останува без ракети Patriot; Венс: Горд сум што ја прекинавме помошта

Читај повеќе

Утре променливо облачно време со локални врнежи од дожд

Читај повеќе