Во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на COVID-19.
По градови:
- Скопје 59
- Куманово 12
- Штип 7
- Прилеп 1
- Тетово 5
- Струга 6
- Велес 1
- Охрид 1
- Кавадарци 1
- Гостивар 3
- Кочани 3
- Пробиштип 2
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 Cептември“ починаа: пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти.
- Тетово 8
- Велес 2
Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 132 теста се во рамките на скринингот во градинки преку Центрите за јавно здравје Штип, Прилеп, Битола и Скопје. Потврдени се 2 позитивни случаи во градинки во Штип.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.492, бројката на оздравени пациенти е 1.605, на починати е 145, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје 987, активни 396
• Куманово 481, активни 66
• Дебар 51,
• Штип 111, активни 76
• Прилеп 213, активни 30
• Тетово 236, активни 82
• Струга 90, активни 18
• Велес 133, активни 28
• Битола 28, активни 3
• Охрид 24, активни 7
• Кавадарци 6, активни 1
• Гостивар 32, активни 11
• Гевгелија 4,
• Струмица 4, активни 2
• Крива Паланка 6,
• Радовиш 4,
• Крушево 3,
• Кочани 41, активни 10
• Пробиштип 5, активни 3
• Демир Хисар 1,
• Македонски Брод 2,
• Пехчево 3,
• Берово 1,
• Валандово 2, активни 1
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1,
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 2, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 974 теста се преку: ИЈЗ - 434, ЦЈЗ Скопје - 40, Авицена - 88, Биотек - 129, Клиника „Жан Митрев“ - 101 , Систина со PCR метода - 89 и МАНУ - 93. Досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања.
Во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти, хоспитализирани се вкупно 49 пациенти. Од нив 22 се потешко болни и на кислородна поддршка.
До изутрината во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 34 пациенти. На респираторна машина се шест, a со потешка клиничка слика се шест пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани девет пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 16, а на домашно лекување се следат 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 26 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19, стои во соопштението од Министерството за здравство.