11 август 1972, американската војска се повлекла од Виетнам
Последната американска копнена единца си заминала од Виетнамската војна точно на денешен ден во 1972 година.
По бројните протести низ цела Америка против учеството на американската војска во Виетнамската војна, како и огромните загуби во човечки жртви и финансии, на 11 август 1972 година последната останата единица, односно Третиот батаљон од 21. пешадија сместена во американската база во градот Да Нанг, го напуштила Виетнам.
Почната на 1 ноември 1955 година, во војната САД се приклучиле во 1961 но без никаков успех. Загинале вкупно 58.318 американски војници, а ранети биле 303.644. Вкупно учествувале 2.709.918 американски војници како помош на Јужен Виетнам кој на крајот ја загубил војната која официјално траела до 30 април 1975.