11 јануари 1886, одржан првиот натпревар за светски првак во шах
Првото официјално шаховско светско првенство се одиграло помеѓу Вилхелм Штајниц од Австро-Унгарија и Јоханес Цукерторт од Обединетото Кралство, кои се соочиле во САД.
Натпреварот почнал во 14 часот по локално време во Картие Академи Хол на 5-тата авенија во Њујорк каде се одиграле пет рунди. Наредните четири биле во Сент Луис, а резултатот бил 4:4 со едно реми. Натпреварот продолжил во Њу Орлеанс, а завршил со победа на Штајниц од 10:5.