11 мај 1981, починал Боб Марли
Четири години откако му бил дијагностициран рак на кожата, славниот реге пејач починал на денешен ден во Мајами на само 36-годишна возраст.
Роден на 6 февруари 1945 година во Најн Мајл на Јамајка како Роберт Неста Марли, стекнал светска слава со својата ска, рокстеди и реге музика преку која ги ширел ширум светот јамајканската музика и движењето Растафаријанство.
Во јули 1977 година му била дијагностицирана форма на злоќуден меланом, појавена во рана на ногата која ја добил играјќи фудбал. Се работи acral lentiginous melanoma, вик на рак на кожата кој се појавува од клетките задолжени за пигментот на кожата и кој се развива најмногу кај луѓето со темна кожа.
Бил на лекување во Германија каде осум месеци безуспешно го лечеле, па откако сфатил дека ќе умре, на своја иницијатива тргнал за Јамајка со приватен авион. Не дочекал да стигне дома, состојбата рапидно му се влошила по пат по што авионот слетал во Мајами каде умрел во болница.