11 најимпресивни мостови во светот

Во областа на градежништвото нема попредизвикувачки проект од изградбата на мост. Овие конструкции ги премостуваат природните пречки, поврзуваат делови од градот и честопати цели земји. Ова се некои од највпечатливите мостови некогаш изградени.

Голден Гејт

Мостот кој во превод значи Златен мост е висечки мост долг 2.737 метри кој ги поврзува Сан Франциско и Округот Марин. Мостот се наоѓа над теснецот Голден гејт. Дневно преку него минуваат околу 110 илјади автомобили.

Вотер канал

Овој мост во Дубаи е еден од трите пешачки моста преку каналите во Дубаи. Неговата конструкција предизвикува воодушевување кај минувачите, но и кај архитектите и градежните инженери.

Бруклински мост

Бруклин Бриџ, или Бруклински мост, е еден од најстарите висечки мостови во САД. Ги поврзува њујоршките општини Менхетн и Бруклин, а најпознат е по своите бројни „улоги“ во филмовите.

Пончартрејн мост

Монстот на езерото Пончартрејн е фиксирана врска составена од два паралелни моста кои водат преку езерото во јужниот дел на Луизијана во САД. Долг е 38,35 километри и со тоа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најдолг непрекинат мост преку вода на светот.

Ракоцбрике

Овој мост познат и како Ѓаволски мост се наоѓа во Германија и изграден е така за со својот отсјај во водата да формира полн круг. За него се поврзуваат бројни легенди, а меѓу нив и онаа дека го изградиле самите ѓаволи.

Ересундски мост

Овој мост-тунел ги поврзува данската престолнина Копенхаген и шведскиот град Малме и тоа преку пат долг 8 километри кој на вештачкиот остров Биберн продолжува во подводен тунел. Тој е еден од најфасцинантните мостови на светот бидејќи е комбинација на мост и тунел за чија изградба беше дури создаден и остров.

Кау Ван

Во превод од виетнамски значи Златен мост. Овој необичен пешачки мост со ограда од златна боја беше отворен на почетокот од јуни во склоп на популарната туристичка локација Тјен Таи Гарден. Се наоѓа на висина од 1.400 метри надморска височина, поради што е видлив и од подножјето на околните планини. Долг е 150 метри и е поделен на осум дела, а секој од нив го раздвојува џиновска камена скулптура во форма на човечка рака.

Сторсеисундет

Најдолгиот од осумте мостови кои го сочинуваат норвешкиот Атлански круг, неговата изградба претставувала вистински предизвик поради временските неприлики, односно дури 12 урагани ја успорувале изградбата.

Фредванг

Мостовите Фредванг се два конзолни моста кои го поврзуваат рибарското село Фредванг на островот Москенесеја со соседното острово Флакстадеја, Норвешка.

Хусеини

Висечкиот мост Хусеини е познат како најопасниот на светот. Оваа доста несигурна градба не е само стара и нестабилна, туку ѝ недостасуваат и многу оригинални дрвени даски. Мостот виси над леденото езеро Борит во пакистанската долина Хунза.

Ландвасер

Овој мост налик на аквадукт минува преку реката Ландвасер во Швајцарија, а благодарение на него помеѓу планинските врвови минуваат возови. Дизајниран од Александер Акатос, вијадуктот е изграден помеѓу 1901 и 1902 година. Висок е 65 метри.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Архитектура

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија

Read more

Куќа од соништата на езерото Тахо се продава за 12,8 милиони долари, заедно со Tesla Cybertruck

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе