11 септември 2001, најголемиот терористички напад во историјата
На денешен ден, 11 септември, во 2001 година, исламски терористи во САД киднапираа 4 патнички авиони и ги изведоа најголемите терористички напади во историјата.
Двете кули на Светскиот трговски центар во Њујорк потполно беа урнати кога во нив удрија два авиона. Третиот авион удри во зградата на Пентагон во Вашингтон, а четвртиот, после борба меѓу патниците и киднаперите, се урна во Пенсилванија.
Во нападите загинаа 2.977 лица и сите 19 терористи. САД за нападите ја обвинија терористичката мрежа на Ал Каеда на саудискиот исламски терорист Осама бин Ладен.